Зошто треба да јадете лимон секој ден?

лимони
Фото: Unsplash

Лимонот е одличен во ублажувањето, но и лекувањето на многу болести. Прва асоцијација на студени зимски утра е топол чај со лимон. Но, и на топли долги ноќи исполнети со ладна лимонада.

Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц кој е клучен за создавање колаген, помага во апсорпција на железото од билната исхрана, ефикасно се бори против преладување и поттикнува регенерација на коските. Затоа – почнете го секој ден со свежо исцеден лимон, придобивките се неминовни.

Лимонската киселина е присутна во лимоновиот сок. Таа не ја снижува pH вредноста, туку ја зголемува. Доколку имате камен во бубрези, лимонската киселина помага во нивно растворање. Воедно, помага и за отстранување на амонијакот од телото – производ на метаболизмот, пишуваат од Zenablic.rs.

лимонада
Фото: mae-mu/Unsplash

Многу луѓе не го поднесуваат лимонот затоа што им „кисели“, но токму таа негова особеност му помага на организмот да се избори со многу вируси. Освен што е природен заштитник и корисен за респираторни воспаленија, тој е добар и за оптимизирање на шеќерот во крвта. Кората од лимон, или lemon zest е одличен засилувач на вкусот при подготвувањето на колачи, торти и кремови.

На кого се препорачува конзумирањето лимон?

  • Пушачи
  • Луѓе кои држат диета
  • Сите кои имаат респираторни тегоби
  • Луѓе со дијабет
  • Луѓе со бавен метаболизам
  • Луѓе постари од 60 години

А сега, трк до пазар и да си купите од ова жолто витаминско злато. Ќе ве награди со освежување и грижа за вашето здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот