Зошто тартуфите се толку скапи

Тартуфи
Фото: Профимедиа

Се повеќе се зборува за нив – највредната и најскапата печурка во светот, освен својот специфичен вкус, крие многу вредности, па нејзината цена оди и до неколку илјади евра за килограм.

Тартуфите се специфични зошто е извонредно тешко тие да се пронајдат, така што некои луѓе сигурно ги јадат затоа што е фенси да се јадат тартуфи. Но востинската причина за нивно обожување доаѓа поради нивниот мирис, тие даваат многу специфична арома на секое јадење и не ги нарекуваат напразно црно злато. Во рестораните најчесто се користат свежи тартуфи, но и тартуфното масло, путерот и сирењето со овие печурки се фантастични.

Тартуфи
Фото: Тартуфи / Извор: Profimedia

Побарувачката за нив се чини расте во последно време. Луѓето сакаат да пробаат нешто различно, особено затоа што се зборува многу за нив, дека цената на порциите со тартуфи е секако поскапа од оние без нив и дека главно зависи од тоа колку тартуфи, на пример, се рендаат врз одредено јадење.

Покрај посебниот вкус што го даваат на храната, старата приказна е дека тартуфите се природен афродизијак, дека обезбедуваат виталност и дека се одлична храна за мозокот од која стануваме попаметни. Но, не е лесно да се стигне до нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Wild Room (@the_wild_room)

Овие габи растат под земја, и само во одредени области, во шумите на Европа, а понекогаш и во Австралија и Орегон, и се развиваат само ако се во симбиоза со дрвјата. Како што созреваат под земја, испуштаат мириси што можат да ги мирисаат само свињите и кучињата обучени за таа цел. И бидејќи е толку тешко да се достигнат, и не можат да се одгледуваат вештачки, тартуфите се високо ценета храна во гастрономијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by simplelitious (@simplelitious)

Исто така, нивната специфична арома испарува многу брзо и затоа е многу важно тартуфот да стигне до масата што е можно поскоро. И тоа е уште една причина за нивната висока цена – покрај тоа што се ретки, недостапни, здрави и вкусни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Perpetually HANGRY (@hanger.pangs)

Постојат неколку стотици различни видови тартуфи, од кои само десетина се јадат. По нив се трага уште од античко време бидејќи можат да бидат одличен извор на приход, а еден од најпознатите региони богат со тартуфи е Истра во Хрватска. Таму наоѓаат неверојатни седум до девет тони тартуфи годишно. Речиси една третина од тоа се црни тартуфи, а останатите се бели тартуфи, кои може да се најдат само од септември до декември и затоа нивната цена е повисока – до неверојатни 5.000 евра за килограм. Најголемиот тартуф некогаш пронајден тежел 1.310 грама и влегол во Гинисовата книга на рекорди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @j_vais

Видео на денот