Зошто Тајван ѝ е потребен на Европа

Тајван знаме/ Фото Jose Lopes Amaral/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во време кога Кина го зголемува притисокот врз Тајван и САД, технолошкиот синџир на снабдување во Европа е изложен на голем ризик

Со зголемување на тензиите во источна Азија, кинескиот притисок ја потсети Европската Унија зошто ѝ е важен Тајван, а посебно малите компјутерски чипови кои островот ги произведува, пишува „Политико“.

Кина ги блокираше трговските врски на Тајван како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, испраќајќи војска во близина на островот, извршувајќи серија воени вежби.

Ваквите воени вежби принудија бројни бродови и авиони да ги променат своите правци.

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Проблемот за Европа

Проблемот за Европа е што таа ја изгради својата зависност од тајванските компјутерски чипови во последниве неколку години, но кинескиот напад може веднаш да ја уништи виталната линија за снабдување, со мало или без предупредување.

Па, како може ЕУ да се заштити од таков ризик?

Пред сè, на блокот му недостига експертизата што го привлекува Тајван. „ТСМЦ“ е основана во доцните 1980-ти од Морис Чанг, поранешен инженер во Тексас Инструментс со седиште во САД. Чанг е одличен пример за тоа како западните технолошки компании ја изгубија експертизата што доаѓа со специјализираниот процес.

ТСМЦ Тајван/ Фото SOPA Images Limited / Alamy / Alamy / Profimedia

Флексибилната култура на вработување во Тајван, исто така, значи дека производителите на чипови можат полесно да вработуваат и отпуштаат работници за да одговараат на растот и падот на побарувачката, вели Лудо Деферм, извршен потпретседател во истражувачкиот центар за полупроводници Имек со седиште во Лувен.

Вториот проблем е уникатната природа на чиповите што може да ги снабдува „ТСМЦ“. Компанијата не само што е клучна за електрониката која моментално е сеприсутна во телефоните или лаптопите, туку веќе ги прави едни од најсовремените чипови, како оние од пет нанометри или помали.

„Всушност, сега има само две фабрики во светот кои можат да произведуваат чипови под пет нанометри. Тоа се ТСЦМ и Самсунг“, изјави Херман Хаузер, основач на Акорн Компјутерс, во интервју за „Политико“. „ТСМЦ е целосно доминантен, ние сме целосно зависни од нив“.

Но, ЕУ, се разбира, е свесна за можните пречки.

„Тоа е сектор кој е интензивен и на капитал и на знаење и е предмет на брза технолошка еволуција. Производството на чипови се одвива во синџир на снабдување кој е глобален, сложен и, во некои важни сегменти, премногу концентриран“, рече претставник на ЕУ.

ТСМЦ Тајван/ Фото SOPA Images Limited / Alamy / Alamy / Profimedia

Зошто му е потребна Европа на Тајван?

Сега, тензиите меѓу Кина и Тајван го поставуваат прашањето како Пекинг и Брисел ќе соработуваат понатаму.

Клучната улога на ТСМЦ не остана незабележана во континентална Кина. Во говорот во јуни, врвен кинески економист отворено го повика Пекинг да ја „заграби“ компанијата.

Некои западни набљудувачи, сепак, се скептични дека оваа закана ќе се оствари – велејќи дека едноставно не е во интерес на Кина да го стори тоа бидејќи ТСМЦ се потпира на други компании за обезбедување опрема, како холандската компанија АСМЛ.

Чипови од Тајван/ Фото SAM YEH / AFP / Profimedia

Тоа го рече и шефот на ТСМЦ, Лиу, во интервју за Си-Ен-Ен, предупредувајќи дека неговата компанија ќе биде нефункционална доколку Кина го нападне Тајван.

Но, ако размислиме за „незамисливото“ сценарио – целосно прекинување на увозот на тајванските чипови – без сомнение ќе ги мотивира европските законодавци и бизниси да ги забрзаат нивните постоечки планови за обновување на производството на некои чипови и двојно зголемување на пазарниот удел на Европа во глобалниот синџир на вредност на полупроводниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот