Зошто солзите се лек и зошто плачењето е добро за вас?

Фото: Profimedia

Многумина созите ги сметаат за слабост или нешто лошо.

Солзите всушност се лек. Служат за да го опуштиме притисокот што ги чувствуваме. Тие служат за да ја испуштиме сета негативна енергија која ја поседуваме.

Секоја негативна енергија што ќе ја почувствуваме, а нема да ја потрошиме на адекватен начин, останува во нас. Со самото тоа таа се таложи во нас и не дозволува слободен проток на енергија.

Секое подолго чување на негативната енергија во на се одразува на нашиот организам, односно на нашето здравје. На почетокот телото ни праќа суптилни пораки во вид на болка и нелагодност, додека тие пораки не станат посериозни до таа мера да морате да откриете некаква дијагноза.

Profimedia

Поради таа причина подобро е да ги изразите своите емоции на време. Кога ви се плаче, плачете. Не ги потиснувајте своите емоции, бидејќи секое потискување води до болест. Секој пат кога не сте изразиле емоција кога требало, вашето тело таа количина тага ја сочувало некаде во вашето тело.

Затоа многупати ви се случува да трпите повеќе работи и да пукнете, па да се расплачете за ситница. А всушност на таа ситница ѝ претходеле други работи. Секоја болест се должи на неизразување емоции. Што мислите, како настанува депресијата? Токму поради овие причини.

Кога ќе се исплачете, чувствувате олеснување, се чувствувате подобро. Тоа е така бидејќи после плачењето сте на поголема вибрација отколку што сте биле претходно. Сте дозволиле тоа лошо чувство да излезе надвор бидејќи така и треба.

Слушајте го вашето тело кога ви праќа сигнали. Кога некој ќе ве повреди и сте тажни, немојте да велите „сега ќе бидам силен/на“. Прво исплачете се, извадете ја тагата од вас и потоа сте спремни да бидете силни, и ќе бидете.

Кога чувствувате тага, бидете тажни и дозволете да се чувствувате така, бидејќи што повеќе одбивате да сте тажни, толку повеќе сте, затоа што се спротивставувате на тоа. Во ред е да чувствуваме тага понекогаш, само е битно да научиме да го „прележими“ тоа чувство, а не да го потиснеме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот