Зошто сите мажи сакаат секс на првиот состанок?

Многупати досега се дебатирало дали е добро или не да се има секс на првиот состанок, а многу жени се прашуваат колку е добро за нивната репутација ако се согласат на интимна врска со партнерот на првиот состанок.

Мажите и жените различно гледаат на сексот при прва средба.

Сексуалните терапевти велат дека скоро сите мажи рекле дека размислуваат за секс на првиот состанок.
Дамите можеби тоа никогаш нема да го дознаат, но токму тоа размислување е доказ дали сте го привлекле спротивниот пол или не. Ако не сте го привлекле, нема ни да ве покани на уште еден состанок, меѓутоа, ако размислува за секс тоа значи дека го привлекувате, што и не е толку лоша вест.

Ако му се допаднете, тој ќе сака интимен однос со вас во блиска иднина. Тоа не ги прави мажите лоши. Тие едноставно се водат со она што ги привлекло кај вас, додека жените често сакаат повеќе од обична приврзаност за да се впуштат во сексуална игра.

Ако партнерот инсистира на секс, разговарајте со него, можеби е само заслепен со привлечноста кон вас па не успева да ја контролира на вистински начин.

Разговорот е секогаш најдоброто решение, но и вашето субјективно чувство треба да се земе предвид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот