Зошто секој ден треба да јадете лук на празен желудник?

Силниот имунитет во екот на пандемијата на коронавирусот е неопходен! А, лукот како моќен природен антибиотик и антиоксидант, само ќе придонесе кон тоа. Голем број досегашни истражувања покажаа дека лукот одлично влијае на здравјето на целиот организам. Познато е дека лукот губи некои од своите лековити својства со термичка обработка, па затоа се препорачува да се јаде суров.

Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали, билни влакна и масти, витамин А, Б1, Б2, Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калциум, селен, сулфур и фосфор.
Придобивките од лукот се уште поизразени кога го јадете на празен желудник, затоа што тогаш ниту една намирница не може да дојде со него во интеракција.

Главната причина зошто треба да јадете лук на празен желудник е тоа што бактериите тогаш се најранливи. Лукот е една од намирниците со најдобри антибиотски својства и се користи илјадници години за уништување на патогени. Го чисти телото од паразити и спречува размножување на бактерии и вируси. Ќе ве штити од габични инфекции, брадавици, бактерии и сите други бактериски инфекции. Во случај да сте жртва на некои од овие инфекции, земајте лук еднаш дневно и ќе се чувствувате многу подобро во рок од неколку денови.

Фото:Пиксабај

Лукот може да ги ублажи симптомите на хипертензија (висок крвен прититсок) и да ја поттикне циркулацијата на крвта. Исто така, учествува во превенцијата на срцевите заболувања, го стимулира работењето на црниот дроб и мочниот меур. Покрај тоа, лукот го поттикнува работењето на дигестивниот систем и ги ублажува проблемите со варењето на храната.

Лукот може да го намали нивото на хормонот на стрес и да го регулира нивото на желудочната киселина, чие производство се зголемува секој пат кога сте под стрес. Тој е одличен за детоксикација на организмот.

Лукот ви дава сила. Едно чешне лук има 12 мг калиум, 5 мг калциум и 100 сулфурни соединенија. Многу е корисен за белите дробови. Помага во превенцијата и го потпомага лекувањето на респираторните органи. Може дури да го спречи воспалението на белите дробови, бронхитисот, гушењето, кашлањето…

Истражувањата покажаа дека лукот може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2, како и од некои видови на рак, поради неговите антиканцерогени својства.

Но, пред да започнете со секојдневно консумирање лук, треба да проверите дали лукот е безбеден за вас и за вашето здравје. Ако сте алергични на лук, не треба да го јадете суров, туку земете го во форма на додаток (сумплемент).

Луѓето кои земаат лекови против ХИВ треба да бидат претпазливи, затоа што лукот може да дојде во несакани интеракции со лековите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот