Зошто секое утро треба да земате една лажица маслиново масло?

маслиново масло
Фото: Unsplash

Екстра девственото маслиново масло е одличен извор на олеинската, линоленската и палмитинската киселина. Тој е многу добар извор на витаминот Е кој има моќно антиоксидативно дејство, и на незаситените масни киселини кои го штитат здравјето на целиот организам.

Екстра девственото маслиново масло веќе многу долго се користи во лековити цели. Досегашните истражувања покажале дека го намалува ризикот од настанување на ракот на дебелото црево, болестите на црниот дроб, хроничните воспаленија, астмата, дијабетесот и високите нивоа на холестеролот.
Секојдневното консумирање на екстра девственото маслиново масло на гладно може да го подобри вашето здравје и изглед.

Превенција од запек. Екстра девственото маслиново масло го поттикнува производството на ензимите за варење и работењето на дигестивниот систем. Ако често имате проблеми со запекот, наутро на гладно земете една лажица маслиново масло помешана со една мала лажичка сок од лимон. За посериозен запек помешајте една лажица маслиново масло и една шолја топло млеко. Смесата испијте ја наутро на празен желудник.
Подобро работење на дигестивниот систем. Екстра девственото маслиново масло го поттикнува производството на липазите, ензими кои го регулираат работењето на системот за варење. Со земањето на маслиновото масло на гладно или пред оброкот можете да ја спречите подуеноста, киселините во желудникот и грчевите на подрачјето на абдоменот.
Превенција од високи нивоа на холестеролот. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на екстра девственото маслиново масло го намалува ризикот од настанување на срцевите болести и високиот холестерол. Тоа особено е делотворно кај луѓето кои наутро на празен желудник го земаат екстра девственото маслиново масло. Ова масло го намалува нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол и го зголемува нивото на добриот (ХДЛ) холестерол.
Го намалува ризикот од настанување на рак. Екстра девственото маслиново масло има одлично антиоксидативно дејство, а досегашните истражувања покажале дека може да го намали ризикот од настанувањето на различните видови на рак, особено на ракот на дебелото црево.
Ги ублажува симптомите на хроничните болести. Ако боледувате од артритис, секако на празен желудник земете екстра девствено маслиново масло. Тоа ќе го намали воспалението и ќе ги ублажи симптомите на артритисот. Екстра девственото маслиново масло можете да го јадете или со триење да го нанесете на зафатеното подрачје.
Го поттикнува слабеењето. Екстра девственото маслиново масло е одличен извор на незаситени масни киселини, а истражувањата покажале дека помага во регулирање на апетитот. Со земањето на ова масло наутро на гладно ќе го намалите внесот на калориите во текот на денот. Екстра девственото маслиново масло ги спречува наглите промени на нивоата на шеќерот во крвта и на тој начин ја контолира желбата за грицки и слатки.
Поздрави и поубави нокти. Витаминот Е од екстра девственото маслиново масло ќе ги зајакне ноктите. Маслиновото масло ги храни ноктите без разлика дали го внесувате преку исхраната или го нанесувате на самите нокти.

Нуспојави
Екстра девственото маслиново масло не предизвикува нуспојави ако се консумира во умерена количина. Но, лицата кои имаат камења во жолчката треба да бидат внимателни со земањето на маслиновото масло, бидејќи може да предизвика грчеви. Пред почетокот на секојдневното земање на екстра девственото маслиново масло секако посоветувајте се со лекарот, особено ако боледувате од некои болести или ако земате лекови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот