Зошто се нарекува „Црн Петок“ и кога точно се паѓа? 10 факти за најголемиот шопинг ден во годината

црн петок
Фото: Пиксабеј

Сив Четврток, Сајбер Понеделник, но пред сè Црниот Петок… Овие денови сè повеќе се стекнуваат со популарност додека милиони купувачи чекаат да го остварат својот шопинг на годината.

Црниот петок е почетокот на она што би требало да е најголемиот шопинг викенд во целата година, полн со неверојатни зделки, попусти, ефтини потребни и непотребни нешта, и луѓе кои буквално полудуваат по понудата!

Зошто се нарекува „Црн Петок“ и кога и зошто точно се одбележува? Еве 10 факти за Црниот петок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WFTV Channel 9 (@wftv9)

  1. Во 1800-тите, терминот „црн петок“ се користел да укаже на падовите на берзата

Во 1800-тите, терминот „црн петок“ се користел во контекст поврзан со падовите на берзата. Терминот за прв пат е употребен на 24 септември 1869 година, кога Џејмс Фиск и Џеј Гулд се обидуваат да го запрат пазарот на злато на Њујоршката Берза.

Сепак, владата се вклучува и го преплавува пазарот со злато, што предизвикува пад на цените и губење на богатството на многу инвеститори.

 

  1. Претходник на црниот петок беа парадите на Дедо Мраз

Со текот на годините, парадата на Денот на благодарноста на Мејси стана дел од ритуалите на сезоната на празници во Америка.

Сепак, првата „парада на Дедо Мраз“ се одржува на 2 декември 1905 година во Канада. Кога Дедо Мраз се појавува на самиот крај на парадата, тоа е сигнал за официјално започнување на празничната сезона. Американските продавници го превземаат концептот и почнуваат да имаат слични паради низ САД.

Во 1924 година се одржува првата парада на Денот на благодарноста одржана токму од Мејси. Парадата ја водат вработени во Мејси, а се прикажуваат и некои од животните од зоолошката градина во Централ Парк.

  1. Црниот петок е најпрометниот ден во годината за водоинсталатери

Колку и да звучи бизарно, од „CNN“ беше објавена информација во која објаснуваат дека се потребни значително повеќе водоинсталатери за да се исчисти системот откако гостите ќе го „преоптоваруваат“.

  1. Купувачите на одмор индиректно го одредиле датумот за Денот на благодарноста

Од средината на 19-тиот до почетокот на 20-тиот век, американскиот претседател прогласува „Ден на Благодарноста“ кој ќе се паѓа во последниот четврток во месецот ноември.

Ова се менува во 1939 година кога последниот четврток бил всушност токму последниот ден во самиот месец.

Трговците од страв дека сезоната на годишни одмори ќе биде скратена, бараат од претседателот да прогласи празникот да се одржи една недела порано.

Во 1941 година, Конгресот создава заедничка резолуција за расчистување на работите, после која Денот на благодарноста секогаш ќе се прославува во четвртиот четврток во ноември, а тоа на купувачите ќе им даде уште една недела да купуваат пред Божиќ.

 

  1. Црниот петок некогаш беше наречен „Велики петок“

Според извештајот на “NY Times“ од 1975 година, терминот „црн петок“ е филаделфиски сленг, кој всушност доаѓа од фрустрацијата на полицијата од сообраќајниот метеж предизвикан од купувачите тој ден, а трговците на мало дополнително ја надоврзаа незадоволноста со смогот.

Така, во 1961 година еден локален весник се обидува да го преименува денот во „Голем петок“, но, како што сегашноста ни укажува, овој термин не се задржува долго. И иако популарен во Филаделфија, „Црниот петок“ не беше официјален национален термин сè до 1990-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Wade (@a_wade1215)

  1. Црниот петок не беше официјално најпрометниот шопинг ден во годината, сè до 2001 година

 

Се сметаше дека тоа е најголемиот шопинг ден во годината. Но, всушност, саботата пред Божиќ го победуваше овој петок секоја година до 2001 година.

 

  1. Црниот петок се прошири во над 15 земји во светот

Долги години, канадските трговци се загрижуваа кога нивните клиенти одеа во Соединетите држави на црниот петок во потрага по одлични зделки, што ги принуди да започнат свои зделки за овој ден.

Оттогаш, разни места низ светот ја прифатија оваа традиција, вклучувајќи ги Англија, Бразил, Индија, Франција, Норвешка и многу други…

 

  1. Во Мексико, се нарекува „Ел Буен Фин“, што во превод значи „добриот викенд“

Ова е всушност поврзано со годишнината на мексиканската револуција во 1910 година, која понекогаш се совпаѓа со американскиот Ден на благодарноста.

„Ел Буен Фин“ всушност трае цел викенд наместо само еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sweetabsence (@sweetabsence)

  1. Во 2011 година, Walmart ја прекина традицијата на црниот петок

Традицијата на шопинг во црниот петок беше прекината кога „Walmart“ ја отвори својата продавница вечерта на Денот на благодарноста.

Оттогаш, трговците се вклучени во трка со времето за да успеат да постигнат со времето, а 33 милиони Американци го планираат своето купување уште веднаш штом ќе ја завршат вечерта во четвртокот на Денот на благодарноста.

Ова е познато како Сив четврток.

 

  1. 12% од купувачите на црниот петок се пијани

Според истражувањето спроведено од сајтот за купони „RetailMeNot“, 12% од сите купувачи во црниот петок признаваат дека одат во продавниците додека се под дејство на алкохол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот