Зошто родителите треба да организираат повеќе игри на отворено за своите деца?

unsplash

Иако сезонски веќе постепено се движиме во фазата на „зрела“ есен по која следува „долгата и мрачна“ зима, сепак експертите препорачуваат дека игрите на отворено се важен фактор за правилен развој на децата.

 

Родителите постојано бараат начини како да ги забавуваат своите деца, дома или на отворено. Па, кој е најдобриот начин за забава? Игрите, се разбира.

 

Ако сте родител што бара опции, верувајте, навистина не постојат правила. Во каква игра ќе ужива вашето дете (или деца) ќе зависи од нивната личност, како и од нивната возраст. Но, генерално, можете да најдете игри што исполнуваат неколку клучни критериуми.

Доколку се одлучите за веќе „смислени“ игри купени од продавница би требало да следите неколку основни работи:

 

Треба да бидат соодветни на возраста. Со други зборови, ако имате дете, проверете која игра да му ја дадете на вашето дете, да не е премногу тешка, преголема или премногу опасна за неговата возраст.

 

Избирајте повеќе наменски игри. Многу играчки се дизајнирани да функционираат на повеќе нивоа, многу повеќе од моментот на забава. Постојат игри кои помагаат во развојот на моториката на вашето дете или координација на раце – очи, додека други пак, може да помогнат да ја откриете креативната страна на вашите деца.

 

Не плашете се од едноставното. Понекогаш најдобрите игри се оние кои му овозможуваат на вашето дете да ја искористи својата имагинација. Сетете се на игрите од вашето детство.

 

Размислете колку „играчи“ ви се потребни. На пример, ако имате едно дете, осигурете се дека избирате игри што може да се играт индивидуално, или бидете вклучени во самата игра на вашето дете и не го оставајте само.

 

Денес, навистина е тешко да се одбере играчка за деца, бидејќи има толку многу опции, но потрудете се да наоѓате игри кои би ви биле забавни и вам, со цел суптилно да му ја пренесете позитивната енергија на вашето дете.

 

Никогаш нема да погрешите ако едноставно, го поминете денот во најблискиот парк или шума, собирајќи лисја, каменчиња или правејќи „колачиња“ од песок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот