Зошто привлечните жени им го „поматуваат“ умот на мажите?

Во неодамна спроведеното истражување присуствувале 21 студент од Универзитетот Жеџианг во Кина. Испитаниците во текот на студиите добиле задача да надгледуваат 300 фотографии на Кинезинки, а потоа да ја оценат нивната убавина.

Скоро половина од жените ги оцениле како привлечни, а останатите како непривлечни.
Потоа мажите биле спарени со жените кои ги оцениле како привлечни за да одиграат со нив игра која вклучувала и коцкање. После тоа морале да одговорат како со нив ќе го поделат малиот паричен износ.

Резултатите од магнетната резонанца покажале дека можноста за прифаќање на лоша понуда била многу поголема кога ја нуделе убави жени. Исто така, многу брзо прифаќале понуди од атрактивни жени и брзо одговарале на лоши понуди кои им ги нуделе непривлечните жени.

Она што е интересно е тоа што за овој вид однесување и немаме одредено објаснување: „Исто ќе реагираме дури и кога би знаеле дека таа одлука ќе ни наштети или кога знаеме дека тоа нема да ни овозможи состанок со привлечна личност“, објаснува психологот Ентони Литл.

Според резултатот на истражувањето, искористувањето на сопствената убавина како средство за манипулирање се случува затоа што женската убавина го поматува рационалниот тек на размислување кај мажите како и чувството за рамноправност.

Некои претходни истражувања покажале дека имаме тенденција убавите луѓе да ги оценуваме како поинтелегентни отколку што се, како и да ги преценуваме нивната личност и потенцијал за успех, а што многу често се претвора во таканаречено самоисполнително предвидување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот