14 C
Скопје

Зошто пратеникот Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита на семејната куќа?

Редакцијата на порталот Фронтлајн денес објави писмо од нивен читател бидејќи смета дека се работи за прашања од јавен интерес, на кои пратеникот Апасиев можеби ќе даде одговор. Писмото е објавено во целост заедно со фотографиите што читателот ги испратил во прилог.

Иако долго се чека на ред за поставување пратеничко прашање, приоритетно прашање на „левичарот“ Димитар Апасиев беше дали Министерството за култура планира да преземе итни мерки за санација и реконструкција на неговата семејна куќа „поради реалната опасност од блиско рушење“!

Извор: Фронтлајн

По добивањето на одговорот, на крајот на минатата година, пратеникот Апасиев не ја извести јавноста за причините зошто бил само делумно задоволен од одговорот. Но, по објавувањето на резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, Димитар Апасиев има причини да биде задоволен, иако сè уште не ја споделува радоста со јавноста.

Имено, за изработка на „Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на куќа на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 (стара адреса ул. „Петар Михов“ бр. 3) во Велес“, Министерството за култура има издвоено 80.000 денари. Како што може да се види од изводот од Катастар, семејната зграда на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 со три стана и помошни простории е во сопственост на таткото на пратеникот Апасиев.

Прочитајте и...  Собранието ќе ја продолжи 34. седница
Извор: Фронтлајн

Како што претходно пишуваше велешкиот портал Дума.мк, „Најнапред оваа куќа била на трговското семејство Боцеви во кое се омажила убавата велешка мома Елена Кртева на која народниот пеач и ја посветил песната Елено ќерко Елено. Елена била сестра на Асен Кртев. Подоцна куќата ја купиле бавчаванџиите Аликарови, од Башино Село кои му ја препродале на Пано Апасиев со синовите Јованче и Диме и ќерката Васа“.

Но, зошто семејството Апасиеви, како и сите други граѓани, не вложува свои пари во зачувување на семејната куќа, туку упорно бара помош од државата? Зошто пратеникот Апасиев не вложил ниту дел од неговите високи професорски и пратенички приходи за одржување на семејната куќа, туку со пратенички „ургенции“ бара државна помош? Зарем е можно Димитар Апасиев, кој на Фејсбук се фалеше со фотографии од неговата луксузна и скапа кујна во новиот стан во Скопје, да не мрднал со мал прст за да ја зачува од рушење семејната куќа во Велес?

Прочитајте и...  ЕМА ќе се изјасни за вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“
Извор: Фронтлајн

Зарем личното богатство на Димитар Апасиев му е поважно од националното културно богатство кое е во сопственост на татко му? Пратеникот засега мудро молчи и не дава одговори на овие прашања.

„Ако куќа не направив: со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е“ – пишуваше велешкиот левичар Коста Солев Рацин. Новопечениот скопјанец Димитар Апасиев очигледно има поинакви животни приоритети: „Ако куќа не зачував: со високи шимшир порти, барем стан во Скопје си купив со луксузна кујна.“

А семејната куќа? – Семејната куќа ќе му ја зачува државата, ако не се урне во меѓувреме!

Извор: Фронтлајн

Поврзани вести

Франција прва што ќе го тестира „ковид сертификатот”

Слободен печат

Министрите за надворешни работи на Г7 во мај ќе одржат состанок со физичко присуство

Слободен печат

Донесена одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

Слободен печат

Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија

Слободен печат

Меркел бара дијалогот со Русија да продолжи

Слободен печат

Израел и Велика Британија размислуваат за „зелен коридор за патување”

Слободен печат

Остави Коментар