Зошто појасот Газа и Израел се замаглени на „Гугл мапс“?

Во Газа тешко е да се забележат автомобили на улиците, додека во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, автомобилите се јасно видливи, па дури е можно да се видат и некои луѓе на улиците.

Голем дел од Израел и палестинските територии на Google Earth се прикажани како сателитски снимки со ниска резолуција, иако се достапни слики со многу подобар квалитет.

На пример, во Газа тешко е да се забележат автомобили на улиците, додека во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, автомобилите се јасно видливи, па дури е можно да се видат и некои луѓе на улиците.

                                                            Важноста на сателитските снимки

Сателитските снимки станаа важен фактор за известување за израелско-палестинскиот конфликт, но властите изразија загриженост дека деталите во сликите можат да ја загрозат безбедноста на земјите.

Аналитичарите и истражителите преку сателитски снимки се обидуваат да ги потврдат областите кои биле цел на ракетен напад во Газа и Израел.

„Не добиваме сателитски снимки со висока резолуција од Израел и палестинските територии, што ја прави ситуацијата потешка за нас“, изјави истражителот Самир за Би-Би-Си.

Но, тоа не е само нејасна сателитска слика испратена од Газа и Израел. Оваа област има и мала резолуција на Google Earth.

“Најновата слика на Google Earth е од 2016 година и е целосно бескорисна. Од друга страна, зумирав некоја случајна рурална област во Сирија и оттогаш се направени повеќе од 20 слики, во многу висока резолуција”, напиша новинарот Арик Толер на Твитер.

Од Гугл велат дека неговата цел е „редовно да објавува нови снимки од густо населени места“, но очигледно тоа не е случај со Газа.

                       Дали сите слики со висока резолуција се достапни на Google воопшто?

До минатата година, американската влада го ограничи квалитетот на сателитските снимки што на американските компании им беше дозволено да ги понудат на комерцијална основа.

Амандманот Кил-Бингаман (КБА) беше воведен во 1997 година за решавање на некои безбедносни прашања на Израел. Иако се однесуваше само на израелска територија, ограничувањето се однесуваше и на палестинска територија.

KBA го ограничи квалитетот на сликите на таков начин што објект со големина на автомобил беше едвај видлив, односно изгледаше многу заматен. Секој уште помал предмет беше речиси непрепознатлив.

“Би било најдобро за Израел да се фотографира во најниска можна резолуција. Пожелно е да бидеме малку заматени, а не дека сè се гледа прецизно”, вели Амнон Харари, шеф на вселенската програма во израелското Министерство за Одбрана.

Откако давателите на услуги што не се од САД, како што е францускиот „Ербас“, можеа да понудат слики со поголема резолуција на пазарот, САД ја укинаа КБА во јули 2020 година.

Владата на САД сега им дозволува на американските компании да обезбедат далеку подобри слики за областа.

                                                         Газа е сè уште матна

Би-Би-Си побара одговор од комапниите „Гугл“ и „Епл“ за проблемот со ниска резолуција на израелско-палестинската област.

„Епл“ соопшти дека работи на ажурирање на своите мапи со поголема резолуција, а „Гугл“ соопшти дека снимките доаѓаат од различни извори и ја разгледуваат „можноста за ажурирање на снимките кога ќе станат достапни фотографии со поголема резолуција“.

„Со оглед на важноста на тековните настани, не гледам зошто комерцијалните снимки од оваа област и кои треба намерно да бидат презентирани се со лоша резолуција“, напиша на Твитер Ник Вотерс, истражувач што користи јавно достапни информации од отворен извор.

                                                Кој всушност снима сателитски слики?

Јавните платформи, како што се Google Earth и Apple Maps, ги набавуваат своите сателитски снимки од други компании. Лабораториите Максар и Планет веќе нудат снимки со висока резолуција од Израел и Газа.

Овие слики со многу подобар квалитет можат да откријат детали до половина метар или помалку. Планет лабораториите за Би-Би-Си потврдија дека обезбедуваат слики во резолуција од 50 см. Сепак, истражувачите со отворен извор многу се потпираат на бесплатниот софтвер за мапирање и често немаат директен пристап до слики со висока резолуција за кои е потребна дополнително плаќање.

Сателитските снимки се користат за многу намени, вклучително и следење на уништувањето на шумите и обемот на шумските пожари, како и истражување на кршењето на човековите права низ целиот свет.

На пример, Хјуман рајтс воч во соработка со „Планет лабс“ во 2017 година докажаа дека војската во Мјанмар уништува села населени со етничка група Рохинџи.

Користејќи сателитски снимки, тие ја мапираа големината на штетата на повеќе од 200 села во областа, споредувајќи фотографии од територијата пред и по воената акција на Мјанмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот