Зошто никогаш не треба да возите на поплавен пат? (ВИДЕО)

Водата секогаш може да биде подлабока отколку што изгледа на прв поглед…

Едно од основните правила за сите возачи во сообраќајот секаде на светот е исто: Не возeте по поплавен пат!

Анонимен набљудувач сними опасна ситуација, во која возач од Јужна Каролина ја учи оваа лекција на потешкиот начин. На снимката може да се забележи црвено возило кое неуспешно се обидува да помине низ поплавен премин.

Набљудувачот кој го сними целиот настан, за „Вајрлхог“ рече дека, од возилото кое тоне, возачот излегол низ задниот прозор.

Метеоролозите често ја користат фразата „Врати се назад, немој да се удавиш“ („Turn around, don’t drown.“), за да ги предупредат возачите кои се приближуваат на поплавени патишта, бидејќи нивоата на водата често можат да ги излажат. Во некои случаи, возилата можат да потонат или да исчезнат во водата.

Националната метеоролошка служба на САД истакна дела повеќе од половина од смртните случаи се поврзани со поплави во возилата. Тие предупредуваат дека возачот може да ја загуби контролата над возилото и ако вози низ вода која е длабока само 15 сантиметри. Автомобилите почнуваат да пловат во вода со длабочина од 30 сантиметри, додека вода со длабочина од 60 сантиметри може да „однесе“ и поголемо теренско возило.

Покрај тоа, водата може потполно да го расипе автомобилот, со уништување на неговите електрични системи и поплавување на моторот. Ако успеете да го поправите автомобилот, потоа можете да се соочите со други проблеми, како мувла и ‘рѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот