Зош­то не­кои лу­ѓе им се „поприв­леч­ни“ на ко­мар­ците?

Profimedia
Фото: Profimedia

Ако спа­ѓа­те ме­ѓу оние лу­ѓе од кои ко­мар­ци­те не мо­жат да се за­си­тат, то­гаш си­гур­но им за­ви­ду­ва­те на оние мал­ку­ми­на кои ко­мар­ци­те во­оп­што не ги на­па­ѓаат. Иа­ко мо­же­би ви рек­ле де­ка тоа е та­ка за­тоа што „ва­ша­та крв е пов­кусна“, вис­ти­на­та ле­жи во неш­то со­се­ма дру­го – во бак­те­ри­ите. Имено, се­кој чо­век има по­и­нак­ви мик­ро­би на ко­жата, а не­кои бак­те­рии им се поприв­леч­ни на ко­мар­ци­те од дру­гите.

Роб Најт, мик­ро­бен еко­лог, об­јас­ну­ва де­ка бак­те­ри­и­те и мик­ро­би­те на на­ша­та ко­жа про­из­ве­ду­ва­ат раз­лич­ни хе­ми­ка­лии, од кои не­кои им ми­ри­са­ат поприв­леч­но на ко­мар­ци­те до­де­ка не­кои ги од­би­ваат. Око­лу ил­ја­да ми­ли­јар­ди бак­те­рии жи­ве­ат на на­ша­та кожа, а тоа е са­мо дел од сто­ти­на ил­ја­ди ми­ли­јар­ди што жи­ве­ат во на­ши­от ор­га­ни­зам. Тие иг­ра­ат зна­чај­на улога, и без нив на­ша­та пот не би го има­ла оној ми­рис што го има.

Тој наг­ла­су­ва дека, иа­ко си­те лу­ѓе де­лат 99,9 от­сто ДНК ед­ни со други, по­ве­ќе­то лу­ѓе де­лат са­мо 10 от­сто од нив­ни­те мик­роби. Ова во пре­вод зна­чи де­ка се­ко­ја ко­жа ми­ри­са по­и­на­ку и ко­мар­ци­те тоа мно­гу доб­ро го чув­ству­ваат.

За да до­ка­жат де­ка ко­мар­ци­те мно­гу ги прив­ле­ку­ва­ат од­ре­де­ни ми­риси, на­уч­ни­ци­те за­мо­ли­ле 48 воз­рас­ни во­лон­те­ри ма­жи да се воз­држу­ва­ат од ал­ко­хол, лук, за­чи­не­та хра­на и ту­ши­ра­ње два дена.

Ма­жи­те но­се­ле нај­лон­ски чо­ра­пи 24 часа, за да со­бе­рат што по­ве­ќе свој­стве­ни мик­ро­би на ко­жата. На­уч­ни­ци­те по­тоа ко­рис­те­ле стак­ле­ни перли, кои ги ис­три­ле од дол­ни­от дел од ма­ши­те ста­па­ла за да ги со­бе­рат ми­ри­си­те и бак­те­ри­и­те ка­ко мам­ки за ко­мар­ците.

Гру­па­та на „мно­гу прив­лечни“ ма­жи има­ла 2,62 па­ти по­го­ле­ма концен­тра­ци­ја­та на еден чест мик­роб, и 3,11 па­ти по­го­ле­ма концен­тра­ци­ја на уш­те еден мош­не чест мик­роб во од­нос на „неп­рив­леч­ните“ мажи, кои на ко­жа­та има­ле раз­но­вид­ни ко­ло­нии бак­те­рии.

На­уч­ни­ци­те ве­лат де­ка е мож­но ко­жа­та на по­е­ди­ни лу­ѓе да иг­ра уло­га на при­ро­ден спреј за од­бра­на од крво­пијците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот