Зошто не успеа трансферот на Кавани во Атлетико Мадрид?

фото: твитер

Според шпанскиот „АС“, агентите на уругвајскиот интернационалец биле причината што играчот не успеа оваа зима да го облече дресот на „јорганџиите“.

Досегашниот член на ПСЖ, Единсон Кавани долг период во изминатите неколку месеци се поврзуваше со трансфер во редовите на Атлетико Мадрид, но на крајот остана во Париз.

Првично се најавуваше дека двете екипи се договорија за сума од 10 милиони евра, но агентите на Уругваецот воедно побараа провизија еднаква на цената на трансферот.

А тоа значеше дека Атлетико мораше да плати двојни поголема цена (20 милиони евра), а тоа не им се допадна на Шпанците.

И самиот фудбалер призна дека посакува да ја промени средината, а желбата беше да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Истиот извор вели дека Атлетико нема намера повторно да води преговори со претставниците на Кавани (195 натпревари, 136 голови) кој со „светците“ успеа петпати да ја освои француската „Лига 1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот