Зошто не можете да ослабете?

Ова се некои од причините кои ве спречуваат во вашата цел.

ХОРМОНИ

Влијанието на хормоните врз дебелината е многу поголемо отколку што мислите. На секоја масна клетка постојат рецептори подложни на различни хормонални влијанија во животнот тек на жените (менструален циклус, бременост, менопауза), ретко кои масни клетки си заминуваат или се намалуваат. Трите полови хормони естроген, прогестерон и тестостерон треба да бидат во рамнотежа во организмот како кај жените, така и кај мажите. Секој од нив има специфична улога во телото. После 35-та година од животот, се намалува лачењето на прогестерон кај жените и доаѓа до вишок естроген во телото. Токму тој вишок естроген се смета за виновник кој ги собира мастите околу струкот.

ГОДИНИТЕ

Кога старееме се потешко ни е да ги изгубиме насобраните килограми. Метаболизмот најчесто се успорува со влагањето во 40-та година, а возрасните во просек секоја година накачуваат дополнителни килограм и пол. Исто така пониското ниво на естроген кај повозрасните жени кои се во перименопауза или менопауза, може да предизвика пореметување на инсулинот во телото, поради што потешко се регулира шеќерот во крвта. Доколку не вежбате редовно, се губи мускулната маса, а калориите не се согоруваат рамномерно. Метаболизмот го успоруваат и намалените нивоа на хормонот за раст, тестостерон и строген, што доведува до здебелување.

НЕДОСТАТОК НА СОН

Според последните истражувања, скратувањето на сонот има директна врска со насобирање на масти. Суштината е во тоа дека доколку не спиете доволно за да ги држите во ред хормоните кои го контролираат гладот, поголеми се шансите да се здебелите. Недостатокот на сон претставува копче кое ги зголемува нивоата на хормоните кортизол и грелин и прави да растат прекумерно, го зголемува чувството на глад и намалува нивото на лептин, хормонот кој на мозокот му праќа сигнал дека сме сити.

ВЕЖБАЊЕ

Без разлика на влијанието за слабеење, вежбањето е многу добро за нашето тело и ум. Клуч за успешното слабеење е негативниот баланс на енергија, односно конзумирање на помалку калории отколку ќе потрошиме. За да намалите само половина килограм потребен е дефицит од 3500 калории неделно. А тоа значи, доколку се држиме до овој размер 80:20, потребно е да се потрошат отприлика 750 калории со вежбање и уште 3000 со прехрана. Тоа е вкупно намалување на 3750 калории еднаш неделно. Најдобар начин да процените дали ви е доволно тешко вежбањетпе да се раководите според сопствените чувства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот