Зошто луѓето остануваат во врска со некој кој е помалку интелегентен од нив?

инстаграм

Малата женска полемика за тоа зошто некој би бил во врска со помалку интелегентен партнер, падна во вода кога еден човек даде сосема едноставен, но смислен одговор: „Можеби е глуп, но е добар“.

Едно истражување покажа дека луѓето сепак мислат како натпросечната интелегенција е помалку привлечна од просечната, а причината за тоа можеби лежи во стереотипите дека генијалците не се добри во меѓучовечките односи. Од друга страна, емоционалната интелегенција е многу посакувана како што ѝ е EQ повисоко, така личноста е попривлечна.

Фото: Профимедиа

Луѓето на Редит откриле како е да се биде во врска со некој кој е помалку интелегентен од нив. Можеби на прв поглед тоа делува како гаранција за неуспешна врска, но некои одговори може да изненадат. Ова се некои од изјавите.

„Мојата мајка интелектуално беше секогаш посилна од татко ми. Ја прашав зошто се омажила за некој кој според интелектот не ѝ парира. -Доколку ми требаат пријатели, можам да ги најдам. Кога ми требаат пари, се вработувам. Доколку ми треба интелектуална стимулација, можам да се запишам на факултет. Но, твојот татко се грижеше за моите интимни потреби и никогаш не ми сврти грб во кревет. Не сакав ниту да излегувам надвор од куќата и да ги задоволам интимните потреби, тој секогаш ме препознаваше-, ми рече таа за бракот со мојот татко кој траеше 32 години се додека тој не почина“.

EPA-EFE/RINGO CHIU

„Мојата девојка е помалку интелегентна од мене (мразам тоа да го велам, но таа самата признава) и тоа е всушност убаво. Кога разговарам со пријателите кои се на мое интелектуално ниво, сите тие приказни умеат да ме уморат, да бидат напорни дури и кога се пријателски. Понекогаш е многу релаксирано кога ќе дојдам дома, испијам пијачка, гледам ТВ, прошетам и бидам смирен знаејќи дека таа нема да се фати за се што ќе кажам. Сакам и да споделувам нови информации со луѓето, па кога ќе ја научам на некои нови работи, тоа е навистина забавно“.

Никој од луѓето кои ги откриле своите приказни не се сметаат себеси за супериорни. Рамноправноста во секоја врска е важна и клучна, но таа се однесува и на добрината, почитувањето, привлечноста, мудроста, друштвениот статус, смислата за хумор. Тоа како, колку и по што ќе го цените парнерот зависи од вашиот вредносен систем. Тој не е ист за сите. Во вистинската љубов подредување не постои, личноста која ја сакаш ја сакаш поради тоа што е, а не затоа што е попаметна или поглупа од тебе. И тоа е накратко тоа – универзалните стандарди не постојат баш како што ни гаранцијата дека врската или бракот на двајцата генијалци ќе успее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот