Зошто кралицата Елизабета никогаш не одела на училиште?

елизабета профимедиа кралица царица
Фото: Profimedia

Растејќи како член на кралското семејство, сигурно е дека младата принцеза Елизабета го имала на располагање најдоброто образование. Сепак, таа никогаш не одела на училиште.

Како и повеќето кралски деца пред неа, идната кралица, заедно со нејзината сестра, принцезата Маргарет, се школувале дома со приватни учители кои се грижеле за нивното образование.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Традицијата налагала кралските деца да не одат на училиште. Враќајќи се во времето на Тудор, синот на Хенри VIII, принцот Едвард, се школувал во дворското училиште заедно со уште четиринаесет други ученици, синови на аристократи, а училиштето го создал самиот крал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Бидејќи била принцеза, Елизабета Втора се школувала дома, нејзината мајка ја научила да чита и и пишува, да зборува повеќе јазици, да свири на пијано и да танцува. Кога станала следната по ред која ќе седне на тронот во 1936 година, нејзиното образование се проширило, пишува „The List“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Кралицата Елизабета за разлика од своите родители ги испратила своите деца на училиште, а нејзините внуци и правнуци го следеле нејзиниот пример и следеле настава заедно со другите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот