Зошто кожата нѐ чеша по каснување од комарец?

КОМАРЕЦ
Фото: Unsplash

Освен што кожата нѐ чеша по каснување од комарец, а по убодот местото отекува, нервозата честопати се зголемува, особено ако чешањето е неподносливо.

Кога комарец ќе ве касне, остава малку плунка на кожата, која содржи протеини и кои телото ги регистрира како несакани. Реакциите на каснување од комарец се предизвикани од реакцијата на вашиот имунолошки систем на овие протеини, изјавила д-р Кели Мејплс за Health.

За да ве заштити, вашето тело ослободува хистамин што исто така предизвикува чешање, воспаление и оток.

„Реакцијата на каснување од комарец проследена со мало црвенило ќе се појави околу 20 минути по каснувањето. По каснувањето следи потребата за чешање на местото, кое знае да трае од еден до два дена. При каснувањата од комарец особено се чешаат помалите деца или возрасни кои имаат нарушувања на имунолошкиот систем“, додава д-р Мејплс.

Знаци дека треба да побарате итна медицинска помош се осип, оток и црвенило надвор од местото на каснувањето или при проблеми со дишењето.

„Логично е да се реагира со чешање по убодот, но тоа само ја влошува состојбата“, предупредува имунологот д-р Пајел Гупта.

„Со чесањето на местото на убодот, започнуваме да ослободуваме повеќе хистамин. Исто така, го зголемуваме ризикот од инфекција затоа што местото на убод го правиме подложно место за бактерии од нашето опкружување“, истакна д-р Гупта, додавајќи дека можете да користите ладни облоги, или коцка мраз, за ​​да го намалите воспалението и потребата за чешање.

Покрај тоа, кремите или лосиони против чешање се одличен избор бидејќи можат да го намалат воспалението и потребата за чешање на каснатото место.

За привремено олеснување, можете да го истриете местото на убодот со алкохол. Тоа ќе ја олади кожата и ќе ја намали потребата за чешање, но не претерувајте, бидејќи алкохолот има иритирачки ефект.

„Можете исто така да го измиете местото со ладна вода и сапун за барем на кратко да се ослободите од потребата за чешање“, додаде д-р Гупта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот