Зошто Кендал не се чувствува како дел од своето популарно семејство?

Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Кендал Џенер дефинитивно е сестрата која прави најмалку скандали во семејството Кардашијан-Џенер.

Нејзините четири сестри, Кајли, Кортни, Ким и Клое доминираат и на екраните и во таблоидите, но и во козметичката и модната индустрија.

Но, Кендал признава дека понекогаш се чувствува како да не припаѓа на своето популарно семејство.

„Тие имаат облини и големи гради, а јас не. Додека јас секогаш сум била слаба, ги гледав нив и се прашував дали можеби треба да бидам таква, за да бидам секси и привлечна. Добар дел од животот се чувствував како да сум аутсајдер“, признала Кендал.

Во исто време, таа малку се појавува во реалното шоу бидејќи сака да заштити што поголем дел од својата приватност и дека всушност, сега, откако пораснала, драго ѝ е што е различна од другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот