Зошто Кејт Мидлтон често носи ролки? Причината е логична!

Profimedia

Во неофицијалното натпреварување за титулата икона на стилот меѓу членовите на британското семејство, според зборовите на модните експерти може да се каже дека првото место го држи Меган Маркл.

Двете војвотки можат да се пофалат со истенчен вкус, но и со сосема различни стилови.

Меган повеќе сака тренди и младеши комбинации, а Кејт е повеќе за „спортска елеганција“ и нешто попрактични комбинации.

Тесните панталони со високи чизми се нејзиниот заштитен знак кога станува збор за есенската сезона и за активностите во природа, а модните експерти забележале дека често носи и ролки.

Profimedia

Со оглед на тоа што сè што носат членките на кралското семејство до најмал детаљ се анализира, откриена е и причината зошто Кејт Мидлтон го практикува ова парче облека.

Profimedia

„Струкираните ролки не само што ја истакнуваат витката фигура на Кејт, туку даваат и рамнотежа на целокупната модна комбинација. Освен тоа, ролките се посебно практични бидејќи така на војвотката рацете и се „слободни“ – не мора да го придржува деколтето кога премногу ќе се „отвори“ или да проверува дали крагната се превиткала“, смета стилистката Сузи Хаслер.

Kate Middleton
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот