Зошто инвеститорите оставаат толку ѓубре зад себе? (ФОТО)

Граѓани од скопската населба Тафталиџе револтирани од односот на инвеститорите ни испратија неколку фотографии на кои јасно се гледа дека по изградба на зградата во овој дел од Скопје, ѓубрето настанато при градба е останато околку новиот објект.

Станува збор за зградата на „Настел“ во општина Карпош, населба Тафталиџе 1, поточно на бул. 8ми Септември.

Освен ѓубре за кои велат дека и сами би се организирале да го соберат, до нивната зграда се оставени и габаритни метални делови од градежна опрема, исечени дрва, гранки, опасни лимови кои при секој ветер летаат на друга страна, купови земја и песок, бетонски плочи и сл за кои е потребна механизација за да бидат отстранети.

Ѓраѓаните револтирано прашуваат каде да се обратат бидејќи се работи за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, бидејќи целиот отпад и останат градежен материјал иако зградата е веќе завршена е останат околу зградата, а велат дека неколку пати реагирале и до Општина Карпош, но тие и компанијата Настел си ја префрлаат вината едни на други, а чест случај било и добивањето на лажни ветувања дека ова „ѓубре“ ќе биде отстрането.

Погледнете ги фотографиите кои беа испратени до нашата редакција…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот