Зошто GoDigital консултантите тврдат дека дигитализацијата е супермоќ за малите и средни бизниси
Организацијата Macedonia 2025 и компанијата Visa, заедно со другите партнери, KIBS AD и IME (проект на швајцарската влада во Северна Македонија), ја започнаа иницијативата GoDigital со цел дигитализирање на малите и средни претпријатија. Програмата што ја спроведува Центарот за дигитална трансформација, подразбира финансиска поддршка преку грантови од 6.000 до 10.000 евра и експертска поддршка преку менторство и креирање стратегија за дигитална трансформација од меѓународно сертифицирани консултанти. Бизнисите веќе се пријавуваат во голем број, но повикот сè уште e отворен.
GoDigital се поистоветува со знаење за алатки и методологија, преку тренинзи, консултантска помош, како и едукација за младите компании, со цел да ги автоматизираат мануелните процеси и да се посветат на својот бизнис. Консултантите со своето лично искуство и дигиталното опкружување, се носат со искуствено познавање и практични решенија за бројни почетнички предизвици. Исто така, во проектите на дигиталната трансформација, стратешките и комерцијални проекти, поддржуваат нови начини на размислување со голема компаративна база на успех, како и разновидни plug-and-play решенија и модели.
Ви претставуваме дел од GoDigital консултантите:
Што им носи дигитализацијата на бизнисите?
Александар Чамински: Дигитализацијата на малите и средни претпријатија, е како да им се дава супермоќ. Се работи за порамнување на условите, овозможувајќи да се натпреваруваат со големи играчи, без огромни буџети или значајни ресурси. Ефикасноста и продуктивноста, заштедата на трошоците, одлуките засновани на податоци, искуството со клиенти, се клучни во областа на напредокот.
Билјана Северинова: Дигитализацијата е важна за конкурентноста, нешто кое е круцијално за малите и средни компании да опстанат. Предноста е ефикасноста, брзината во испораката, оптималните трошоци, автоматизираните процеси, коишто ја олеснуваат работата на вработените, задоволните клиенти, кои добиваат одлична услуга, бидејќи компанијата има систем за класификација и следење на нивните барања.
„Во суштина, дигитализацијата не е само тренд – истата е неопходност. Тоа е разликата помеѓу преживувањето и напредувањето на пазарот, кој се развива без престан.“
Митко Андонов: Денес брзите ги „јадат“ бавните, а не големите – малите. Големите компании не сакаат да соработуваат со партнери, кои немаат изграден идентитет и онлајн присуство. Од друга страна, клучно е производствените капацитети што поскоро да имплементираат автоматизација и роботизација, со цел да се намали потребата од работна сила, која е сè потешко да се најде и да бидат конкурентни со развиените земји и да можат да извезуваат.
Како консултантите им помагаат на младите компании?
Гоце Митевски: Користејќи го нашето сопствено долгогодишно искуство во учество и водење проекти за дигитална трансформација, како и преку големата синергија на мрежата на експерти на GoDigital и нивните сопствени искуства, креираме единствен и разновиден придонес во обезбедувањето комбинирани стратешки сценарија со светски стандарди, деловни модели и нови патеки за развој и имплементација. Отворен сум за сите бизниси и организации, што имаат силен порив за создавање нови вредности за клиентите, што се глобално релевантни, свесни за постоечкиот бизнис модел, љубопитни, подготвени за промени и доволно храбри да се движат побрзо кон глобалната релевантност.
Билјана Северинова: Мојата главна цел е преку GoDigital да ја подобрам компанијата со која работам, со главна цел зголемување на профитабилноста, нови работни места и генерирање поголема продуктивност.
Александар Чамински: Клучот е да се премости јазот помеѓу моменталната позиција на компанијата и онаму каде треба или би можела да биде. Имајќи го во предвид моето искуство во оптимизација на процесите и длабокото познавање на дигиталната трансформација, преку GoDigital ќе им помогнам на бизнисите да ги идентификуваат своите уникатни потреби и празнини во тековните операции. Оттаму, ќе им понудам на компаниите прилагодени стратегии за дигитална трансформација, кои се усогласени со нивните специфични цели и поттикнуваат одржлив раст.
“Ние, консултантите, сме катализатори, кои ќе помогнат овие компании да еволуираат, иновираат и напредуваат во сè подигиталниот свет.“
Моја специјалност е оптимизација за „go to market“, каде ги усовршувам стратегиите со цел да сум сигурен дека производите и услугите ефективно ќе допрат до вистинската публика. Најмногу уживам во оптимизација на продажниот канал и подобрување на секоја фаза за претворање на потенцијалните клиенти во лојални клиенти. Исто така работам и на дигитализација на корисничкото искуство, правејќи ги интеракциите со клиентите беспрекорни и привлечни. Им помагам на компаниите да станат препознатливи и успешно да влезат на нови пазари. Доколку една компанија е подготвена да ја подигне својата игра во овие клучни области и да реализира мерлив успех, тогаш ќе бидеме компатибилни за заедничка соработка.
Митко Андонов: Мојата цел е да им помогнам на македонските компании да го зголемат својот бренд, како и продажба. Повеќе од 25 години работа во различни индустрии, ми помага да ги согледам предизвиците и да најдам шаблони, кои ќе донесат резултати. Досегашните примери се многу успешни, што ми дава за право да верувам дека креираме стратегии, кои носат резултати. Сметам дека најдобро можам да им помогнам на компаниите, кои произведуваат квалитетни македонски производи, со потенцијал за извоз и/или онлајн продажба, а сè уште немаат најдено партнер од доверба, кој ќе им помогне да постигнат врвни резултати во однос на прометот и растот на брендот, а воедно и партнер, кој не штеди напор да вложи максимум за својот бренд. Исто така, компании, кои се воглавно увозници, со кои можеме да изградиме приказна, којашто ќе ги позиционира на прво место во онлајн продажбата во одредени категории.
Компании, кои треба да се пријават за GoDigital програмата и што можат да добијат од истата
Билјана Северинова: Не се работи само за обичен консалтинг. Компаниите треба да се пријават, со цел да научат дополнителни начини и модели на водење бизнис, за целосен премин кон автоматизиран и дигитален модел, којшто ќе им донесе подобра добивка, брзина во начинот на производство и поголемо задоволство кај вработените и лојалните клиенти. Компаниите ќе добијат вредност од двата дела: консалтинг и средства за инвестирање. Сепак, транзицијата кон дигиталната трансформација, бара ресурси и пристап до финансиите, односно во софтверски програми, имплементација на алатки, развој на посебни апликации, cloud технологија, компјутери и сервери, како и машини и роботи.
Гоце Митевски: Очекуваме дека може да им донесе најголема вредност на малите и средни претпријатија, коишто веќе започнаа, имаа првични успеси и се подготвени да растат и понатаму (во однос на пазарите, клиентите, финансиите и квалификуваната работна сила), а преку тоа индиректно би можеле да имаат најголемо влијание врз економијата и општеството.
Александар Чамински: Иако е тешко да се повлече јасна граница, сакам да мислам дека менторскиот и советодавен дел е највредниот дел од работата на GoDigital. Додека менторството помага во обликувањето и насочувањето на дигиталната трансформација на компаниите, финансиските грантови овозможуваат брзо спроведување на тие планови. Компаниите, кои треба да ги разгледаат пријавите за оваа програма, се оние со јасна желба да иновираат и растат. Доколку сакаат да се прошират на новиот пазар или да истражат нови сегменти на клиенти, оваа програма може да понуди стратегии и алатки, коишто им се потребни за ефективен исчекор.
„Менторството е партнерство каде помагаме една претприемачка визија да се претвори во реалност преку користење на моќите на дигиталната траснформација.“
Митко Андонов: Сметам дека програмата им одговара на компаниите, кои се борат за позиција на пазарот или на кои фокусот им е извоз. Компаниите, кои имаат потенцијал, но им е потребен дополнителен стимул, помош и кадар, за да направат храбри чекори и за да се вбројат меѓу најдобрите. Овде можат да се најдат младите компании, визионерите, кои знаат дека иднината е дигитализацијата, или старите компании, кои поради различни причини ги немаат започнато навремено процесите, па сега ќе мораат, доколку планираат да опстанат помеѓу најдобрите.
Апликациите за мали и средни бизниси сè уште се отворени на следниот линк.
Спонзорирана објава