Зошто француските деца секогаш се здрави, а мајките среќни и одморени?

Еве, како ги воспитуваат Фрзанцузите своите деца.

Дозволено им е сами да работат тешки работи за нив

„Јас тоа го направив“ е омилената фраза на француските деца. Во најрана возраст децата откриваат како функционира нивното тело и што можат да направат. Но, добронамерните родители многу брзо ја гушат самостојноста на децата така што се прават наместо нив. Француското родителство се спротивставува на оваа филозофија и децата ги третираат како возрасни и способни личности.

„Французите веруваат дека децата се чувствуваат посамоуверено кога можат да ги работат обврските самостојно“.

 Ги пофалуваат само кога заслужуваат

За да не им ги повредите чувствата ние ги фалиме и кога не заслужуваат. Но, долгорочно тоа станува бесмислено. Наместо тоа француските родители ги фалат децата само кога ќе заслужат или ќе направат нешто навистина инзвонредно..

Кога децата ќе добијат пофалба, тогаш се чувствуваат гордо и среќно, знаат дека е она вистинското. Ова правило важи за семејства со многу успешни деца.

Знаат дека постои време за деца и време за возрасни

Децата се деца, а возрасните се возрасни. Родителите треба да поминуваат време и без децата. Тоа не значи дека сте лош родител, тоа само значи дека ви е потребен одмор.

„Французите не се опседнати со родителство, а сепак се одлични родители. Добрите родители не се секогаш во служба на децата и нема потреба да чувствуваат вина за тоа. „Вечарата е за родителите“ е правилото на француските родители.

 Бебињата и малите деца секогаш одат рано на спиење

Друкерман вели дека француските мајки не се супермајки кои знаат како да заспиваат бебе, но сите нивни деца без оглед на возраста порано одат на спиење и спијат цела ноќ. Како? Едноставно, они не и робуваат на навиката децата да мораат да се заспиваат со лулање, песна, приказна. Они едноставно ги изморуваат и ги пуштаат сами да заспијат. Тоа на децата со текот на времето им преминува во навика.

Овошјето и заленчукот им се основна храна

Французите се познати по тоа што немаат „храна за деца“. Нивните деца јадат и спанаќ и моцарела и цвекло. Која е нивната тајна? Ја сервираат храната пред детето и очекуваат да ја изеде. Ако цел ден не му се понуди ништо освен цвекло, детето на крајот на денот ќе го изеде цело цвекло дека е гладно.

Ова не правило само на француските деца, туку и на децата во Јапонија кои се сметаат поздрави од сите.

 Детето по некогаш мора да почувствува грижа

 Дозволете му на детето да доживее разумна грижа. Можеби за вас е непоимливо, но наместо да го спречувате вашето дете да биде повредено, потрошете од драгоценото време и учете го како да се носи со тоа. Поради тоа како возрасни ќе бидат поотпорни и ќе знаат како да ги решат проблемите.

Они знаат да кажат културно и фино „здраво“ и „довидување“ 

Додека во многу култури се толерира децата да не знаат да отпоздрават, кај Французите тоа го нема. Нивните деца ќе ве погледнат во очи и ќе ви кажат „Добар ден“ и тоа ќе им биде од корист цел живот. Тоа не значи дека Французите своите деца на тоа ги учат лесно, но се многу трпеливи во тоа  да имаат добри манири.

Грицките и слатките ги оставаат за подоцна

Француските деца се научени слатките да ги оставаат за подоцна. Нив им е дозволена една слатка дневно и они ја јадат после ручек. Додека во Америка и останатиот дел од светот, децата постојано нешто грицкаат: солени стапчиња, чипс итн. Во Франција тоа го нема. Поради тоа што имаат 5 оброка дневно.

Кога Французите ќе кажат не они тоа и го мислат

Французите со добра волја ќе кажат ДА, а многу неволно НЕ, но ќе се држат до тоа. Ни една мајка во Фанција нема да го погази тоа што го рекла. Без оглед колку децата се упорни: НЕ значи НЕ! Поради тоа нивните деца се едни од најкултурните и најпослушните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот