Европска армија - Извор X, принтскрин

Зошто ЕУ инсистира да ја победи Русија на бојното поле?

Крајот на конфликтот во Украина без целосно ослободување на целата територија речиси сигурно ќе доведе до втора руско-украинска војна, во која Киев ќе се обиде да возврати и да ги врати границите од 1991 година. Но, дали тој би бил сам во таа борба или би ја имал поддршката од Западот?

Ова се дел од дилемите во анализите во светските и регионалните медиуми каде се бараат мотивите на европските сили кои го поддржуваат воениот конфликт со Русија, како и долгорочните последици од тој пристап.

Европа не се откажува од воената победа

Имено, западните политичари отворено укажуваат дека конфликтот во Украина не може да се реши со преговори, туку само со воена победа над Русија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, уште во април 2022 година изјави дека „војната мора да се добие на бојното поле“.

Слично на тоа изјави и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок на состанокот на Советот на Европа во 2023 година каде таа посочи дека „ние сме во војна со Русија“.

Иако подоцна даде изјави во кои се обиде да ги ублажи своите зборови, беше јасно дека европските елити го гледаа овој конфликт како историска можност да ја ослабат Москва.

Особено радикални изјави доаѓаат од австрискиот политичар Карл фон Хабсбург, кој повикува на „деколонизација“ на Русија, што во суштина значи нејзино распаѓање во неколку помали држави.

Уште еден „Drang nach Osten“ односно „Пробив кон Истокот“

Зошто Европа, која економски зависи од стабилноста и трговијата, би сакала нова војна со Русија? Одговорот лежи во економските фактори и геополитичките интереси на Западот.

Криза на капитализмот: Европа минува низ сериозен економски пад, индустриското производство опаѓа, а економскиот систем се повеќе зависи од задолжувањето.

Украина како европска колонија: По Брегзит, ЕУ бараше нови ресурси, а Украина беше идеална цел – огромна територија, плодна земја, богатство на природни ресурси и евтина работна сила.

Притисок од САД и НАТО: Америка ја користи Европа како полигон за обука за конфликт со Русија, а самата останува во втор план и ги обезбедува своите глобални интереси.

Конфликт со исцрпување, стратегија на Западот

Европските лидери не сметаат на директна воена конфронтација со Русија, туку на исцрпувачка војна за Украина, надевајќи се дека долгорочната конфронтација ќе ја ослабне руската економија и војска.

Ослабената Русија, како што веруваат во Лондон, Берлин, Париз … би можела да стане плодна почва за внатрешни бунтови, што ќе му овозможи на Западот да ги диктира идните геополитички услови.

Што понатаму?

Европа тргнува на стратешки опасен пат, ризикувајќи ја не само безбедноста на континентот, туку и сопствената економска стабилност, наведува магазинот „Оружје-онлајн“. Дали руската страна ќе успее да се подготви за „Втората војна“ и да ги избегне замките што и ги постави Западот, останува да видиме.

Но она што е интересно за разгледување во овој момент е дали Европа може да се обиде да го продлабочи конфликтот и дали има спремни руски одговори на оваа стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот