Зошто е потребна дополнителна хидратација на кожата

Кожата е постојано изложена на надворешни услови и затоа и е потребна дополнителна хидратација.

Негативниот ефект на лошата хидратација не може да се види веднаш, но може да се забележат некои мали промени, на пример појава на лишаи на одредени делови на кожата. Лосионите и кремите, покрај хидрирањето на кожата, ја задржуваат водата и на тој начин ја штитат кожата од сушење.

Поради недостаток на вода подолго време, површинскиот слој престанува да ја штити кожата од надворешни фактори. Потоа, на површинскиот слој може да се забележат воспалителни процеси како црвенило и воспаление на одредени делови од кожата.

Доколку кожата подолг временски период не добива доволно заштита или хидратација, ќе стане сува, безживотна и ќе ја изгуби еластичноста, а сето тоа ќе предизвика појава на предвремени брчки и иритирана кожа. После ваквите промени таа тешко може да се обнови.

Затоа кожата мора редовно да се негува со лосиони и креми за да не дојде до нејзино оштетување, кое може да доведе до посериозни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот