Зошто бремените жени имаат проблеми со меморијата?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Бремените жени навистина имаат проблеми со меморијата и тоа е причината зошто тие често губат лични работи или забораваат каде ги оставиле, потврдија научниците.

Секоја жена што била бремена се соочила со лошо помнење и заборавеност, а научниците велат дека ова е сосема нормална појава во подоцнежната фаза од бременоста.

Ова беше потврдено со најновото истражување, кое откри дека жените во последните шест месеци од бременоста и во првите три месеци по породувањето имаат проблеми со просторната меморија, односно често не можат да се сетат каде оставиле одредени работи.

Тешкотиите, велат научниците, се предизвикани од хормони кои влијаат на мозокот.

„Заборавот и недостатокот на внимание се чести кај бремените жени. Откривме дека зголемените количини на хормони за време на бременоста влијаат на мозокот, па затоа често забораваат и имаат помала концентрација“, објасни Дајан Ферар од Универзитетот во Брадфорд во Велика Британија, пренесува „NBC News“.

Хормоните најмногу влијаат на делот од мозокот задолжен за просторната меморија кој им помага на луѓето да запомнат каде ги оставиле работите, но и по кој пат треба да одат за да постигнат одредена цел. За среќа, тоа е краткорочен феномен кај бремени жени што исчезнува три месеци по породувањето.

Хенри и Питер Рандал, истражувачи на меморијата на Австралискиот католички универзитет во Мелбурн, дојдоа до нивниот заклучок откако ги испитаа мемориските перформанси на 412 бремени жени, 272 мајки и 386 жени кои не се бремени, пишува „The Guardian“.

Бремените жени имале повеќе проблеми со задачите за меморија, велат авторите во извештајот објавен во „Journal of Clinical and Experimental Neuropsychology“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот