Зошто Борисов се откажа од „Белене“ и ќе го гради Блокот 7 на „Козлодуј“?

Bulgaria's Prime Minister Boyko Borisov arrives at the EU headquarters' Europa building in Brussels on December 10, 2020, prior to a European Union summit.,Image: 574955866, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: YVES HERMAN / AFP / Profimedia

Неочекувано, премиерот го отфрли „убавиот“ проект и нареди платените руски реактори нарачани за атомската електроцентрала „Белене“ да се користат во „Козлодуј“ што, генерално, е добро решение

„Мислам дека Атомската електроцентрала „Белене“ ќе биде многу убав проект.“

Со вакви и слични фрази, премиерот Бојко Борисов три години се обидуваше да ја убеди јавноста дека огромната инвестиција од над 10 милијарди долари вреди да се спроведе. Нова нуклеарка во близина на „Белене“. Денес, сепак, Борисов изгледа не се сеќава на сопствените зборови, ниту на многубројните посети на локацијата, па дури и на одлуките донесени од владата и пратениците на ГЕРБ. Без известување за тоа до каде се напорите за ревитализација на АЕЦ „Белене“ и за организирање процедури за привлекување инвеститори, Владата издаде соопштение во кое се наведува дека двата руски реактори платени и испорачани до „Белене“, всушност ќе се користат за Блокот 7 на АЕЦ „Козлодуј“, а можеби и за 8-миот.

Ова е, генерално, далеку поразумно, поекономично и енергетски поефикасно решение отколку да се изгради целосно нова атомска централа. Сепак, која е причината премиерот Борисов да го направи овој остар пресврт, без да ја објасни промената на неговата политика? Најверојатен мотив е стравот за сопствен политички опстанок среде претстојните избори. Бидејќи неговото прекумерно залетување кон Русија со гасоводот „Турски поток“ и АЕЦ „Белене“, промената на жителите во Белата куќа и промената на тонот во Брисел во одреден момент може скапо да го чини. Но, секогаш е опција сето ова да е само дел од предизборниот спектакл – на крајот на краиштата, нема официјална владина одлука за изградба на атомската централа, туку само соопштение за јавноста со ветувања и препораки.

План Б

Проектот за Блокот 7 на АЕЦ „Козлодуј“ беше тема уште за време на првата влада на ГЕРБ и се сметаше за алтернатива на АЕЦ „Белене“, која во тоа време од премиерот Борисов беше опишана како „една иста цел“. Затоа во 2012 година беше донесена одлука за проширување на „Козлодуј“, а тогашниот министер за финансии и вицепремиер Симеон Џанков објави дека идејата е новиот блок да биде дизајниран и изграден на пазарна основа, без државни гаранции. Плановите беа да се изгради идната нуклеарна централа со еден од веќе нарачаните реактори во тоа време за АЕЦ „Белене“.

Потоа во 2014 година, во последните денови на управување со кабинетот на Орешарски, американската компанија „Вестингхаус“ потпиша договор со бугарското електростопанство (БЕХ) за изградба на нов реактор од типот АР-1000, а документот предвидуваше и аквизиција на 30% од акциите на АЕЦ „Козлодуј“. Подоцна, втората влада на ГЕРБ побара од „Вестингхаус“ да се појави како стратегиски инвеститор, но американската компанија се повлече. Сепак, проектот продолжи да се движи барем на ниво на документи и доби позитивна проценка на влијанието врз животната средина на почетокот од 2020 година.

Наспроти позадината на амбициите на третиот кабинет на Борисов за изградба на АЕЦ „Белене“, шансите за „Козлодуј“ изгледаа мали, сè додека минатиот октомври владата не нарача од својот министер за енергетика да подготви извештај за изградбата на Блокот 7 на АЕЦ „Козлодуј“, а на БЕХ да преговара со Американците за оваа намена. Ова се случи само една недела откако во Софија, помошникот државен секретар во Бирото за енергетски ресурси при американскиот Стејт департмент Франсис Фанон објави дека проектот за АЕЦ „Белене“ е комерцијално и технички лош и не може да ја заштити енергетската безбедност на земјата, а таканаречениот „Балкански тек“ од страна на премиерот, е всушност продолжение на „Турскиот поток“ и целосно им служи на интересите на Русија.

Новата реалност

Резултатот е минатонеделната објава на Владата дека „во контекст на постигнување на целите на Европската Унија за климатска неутралност до 2050 година и диверзификација на енергетските ресурси“, реакторите на рускиот „Белене“ ќе бидат преместени во „Козлодуј“.

„Беа одржани разговори, беше разменета преписка, вклучително и со колегите од ‘Вестингхаус’, бидејќи има три одобрени технологии, едната е американската за реакторите АП 1000, другите две се руски технологии, какви што се реактори за АЕЦ ‘Белене’, напиша министерката Петкова во својот извештај. Таа вели дека е поддржана реализацијата на Блокот 7 на АЕЦ „Козлодуј“ со достапната опрема од проектот АЕЦ „Белене“.

„Ова се исклучително важни инфраструктурни проекти, кои гарантираат национална безбедност, како и енергетска безбедност и диверзификација. Покрај тоа, тие ја користат опремата платена од државата и даночните обврзници за АЕЦ „Белене“. Мислам дека по 7-миот, ќе одиме на 8-ми и реактор“, изјави премиерот Бојко Борисов за време на состанокот, цитиран од владината прес-служба. Премиерот исто така го опиша извештајот на министерот за енергетика како добра стратегија, која содржи важни и брзи чекори за акција во врска со проектот.

Празни прикаски или реалност

Сепак, ваквиот пресврт може да е дел од друг театар на темата енергија. Прво, нема одлука на Владата за изградба на Блокот 7, испратено е само соопштение за јавноста. Второ, не се наведени законските основи за идно постапување во случајот, иако:

– Според денешниот извештај изгласан од Владата, министерот за енергетика треба да ги преземе потребните активности за целосно искористување на капацитетот на локацијата одобрен од Агенцијата за нуклеарна регулатива бр. 2 во АЕЦ „Козлодуј“ за изградба на нова нуклеарна централа, вклучително и рационално користење на испорачаната опрема за АЕЦ „Белене“.

Исто така, се вели дека министерот за енергетика мора да организира подготовка на модел за финансиско структурирање на проектот за изградба на нова нуклеарна централа и правна анализа на применливата национална, европска и меѓународна правна рамка. Сепак, законот за безбедно користење на нуклеарната енергија јасно ги посочува чекорите за започнување нов проект за енергетско напојување (член 45). Овие вклучуваат проценки на:

  • нуклеарната безбедност и заштитата од радијација, влијанието врз животната средина и физичката заштита;
  • социо-економското значење од изградбата на нуклеарна централа за земјата или за одделни региони;
  • одложување на радиоактивниот отпад и потрошеното нуклеарно гориво што произлегуваат од работата на нуклеарната централа и нивното управување.

Такви проценки сè уште не се дадени. Министерството за енергетика објасни за „Капитал“ дека само кога ќе бидат спроведени чекорите наведени сега, ќе се донесе одлука за изградба на нова нуклеарна централа според релевантното законодавство.

Преземено од Капитал – Софија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот