Зошто Бил Гејтс го напуштил Мајкрософт деценија порано од што сакал?

EPA-EFE
фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Бил Гејтс рекол дека се повлекол од Мајкрософт скоро деценија порано од што имал намера, а сега објаснил како.

Со години Бил Гејтс не можел да замисли да работи било што освен да го движи Мајкрософт, кој го основал заедно со Пол Ален во 1975 година, кога уште бил тинејџер.

– Да ме прашавте во моите дваесетти години дали некогаш би се повлекол порано од Мајкрософт, би ви рекол дека сте луди – пишал тој на својот блог Белешките на Гејтс. Тој признал дека, посебно во првите денови на компанијата, бил опседнат со развој на работата.

– Бев фанатик – рекол самоукиот милијардер во документарната серија на Нетфликс за неговиот живот.

– Не верував во викенди, не верував во одмор. Но, кога влегов во моите четириесетти, „мојата перспектива се промени“ и „мојот поглед на светот се прошири“, вели Гејтс.

Во 2000 година, тој и неговата сопруга Мелинда покренале своја фондација која работи на смалување на нееднаквоста низ целиот свет.

Тие пренеле 20 милијарди долари од средства на Мајкрософт во Фондацијата Гејтс и почнале да патуваат за да ги проучуваат здравствените проблеми во сиромашните земји.

Што повеќе се занимавал со фондацијата, така повеќе разбирал дека неговата идна кариера нема да биде насочена кон правење на софтверски производи. Во 2001 година, добриот пријател на Гејтс, Ворен Бафет го повикал да разговара со група на деловни лидери за тоа што тој и Мелинда го учеле на нивните патувања во фондацијата.

– Додека зборував за здравјето тој ден, бев инспириран, се присетил Гејтс.

– Говорот ми помогна појасно да го видам животот за себе по Мајкрософт, насочен на работата која Мелинда и јас ја започнавме – продолжил тој.

– Софтверот со години ми остана во фокус и секогаш ќе го сметам за тоа што најмногу ме карактеризира. Но, се чувствував спремен да продолжам понатаму на овој нов пат кој го патувавме, рекол Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот