ЗОШТО 39 МИГРАНТИ СЕ СОКРИЈА ВО ЛАДИЛНИК: Како шверцерите ги користат специјалните приколки за пренесување на луѓе

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Криумчарите искористија приколка-ладилник за шверц на 39 мигранти во Велика Британија, бидејќи на тој начин ја избегнуваат проверката со термални скенери, тврдат припадниците на обезбедувањето во британските пристаништа.

Оваа приколка со ладилник пристина на пристаништето Пурфлит во Есекс од белгиското пристаниште Зебриж. Вработените во обезбедувањето на двете пристаништа се опремени со термални камери за да детектираат скриени патници, но тие камери делуваат само на традиционалните контејнери, додека на ладилниците немаат никаков ефект.

– Опремата за термално снимање не функционира на ладилниците. Тие едноставно се премногу ладни и уредите не можат да детектираат никаква топлина, доколку некој човек се крие во нив. Шверцерските банди многу добро го знаат тоа – објаснува еден службеник.

Жителите на Пурфлит изјавија за „Дејли меил“ дека во близина на локацијата каде што беше пресретнат камионот често гледале групи на мигранти. Извори на британскиот „Тајмс“ открија дека полицијата и властите на пристаништето не реагирале на предупредувањата на локалните жители дека постои можност да има шверцување на луѓе.

Жителите тврдат дека на тоа место забележале групи на мигранти како се префрлаат од камиони во мали автобуси. Многу жители наоѓале и купишта на фрлени пасоши.

И покрај бројните пријави на такви инциденти, локалните власти не започнале истрага.

– Тие успеале да пројдат од Зебруж до Пурфлит бидејќи опремата која ја имаат двете пристаништа е бескорисна за ладилниците. Ова е место кадешто има многу промет. Помалите пристаништа немаат соодветна опрема, луѓе и време кое е неопходно за детални проверки. Само поголемите пристаништа ги имаат потребните ресурси – рече друг службеник.

Двајцата работници од обезбедувањето тврдат дека е невозможно да се пребараат сите контејнери кои минуваат низ пристаништето и се вршат само случајни проверки. Исто така, ладилниците ретко се отвараат за време на проверките поради стравувањата дека може да се оштети робата која се пренесува.

Компанијата која управува со пристаништето одби ја коментира бројката на проверки која ја врши со термалните камери, но луѓето кои живеат во близина на пристаништето велат дека наоѓањето на мигранти во ладилници е „редовна појава“, како и дека неколку пати реагирало и полициската служба засилена од хеликоптери.

Пристаништата ги откриваат мигрантите и со рендгенско снимање. Камионот влегува во тунел каде потоа се скенира за знаци на живот. Проесот трае еден час, а камионите се бираат по случаен избор. Исто така, постарите скенери не работат на ладилниците бидејќи тие содржат вакуум.

Тимовите на пограничната полиција вршат и физички проверки, но тие ретко се спроведуваат на ладилници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот