Зоран Милановиќ и официјално е петтиот претседател на Хрватска (ВИДЕО)

Фото: МИА

Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата.

Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска, откако точно напладне со давање свечена заклетва се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.

Како што јави дописникот на МИА, Милановиќ заклетвата ја прочита на мала церемонија на Пантовчак, во присуство на своето семејство, на сега веќе поранешната претседателка Колинда Грабат-Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието.

Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата.

– Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Патриотизам е афирмација на вредности кои не прават подобро општество. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството – кажа Милановиќ.

Милановиќ и петтиот претседател на независна Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот