Зоран Димитровски – Жоро разрешен од позицијата главен и одговорен уредник во „Фокус“

Новинарот и уредник Зоран Димитровски – Жоро е разрешен од функцијата главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“. Димитровски во изјава за „Слободен печат“ вели дека бил разрешен од функцијата без никакво образложение и без претходна најава, иако, како што посочува, изминатиот период бил опоменуван за своите критички текстови кон актуелната власт.

Како што вели Димитровски, неговиот аргумент бил дека тој и во минатото бил критички ориентиран кон претходните власти, што, како што вели Димитровски, на „Фокус“ не му пречело.

Димитровски вели дека тој е само разрешен од функцијата и дека не добил отказ, туку му било понудено да остане како новинар, но со многу помала плата. Димитровски за „Слободен печат“ изјави дека е разочаран од начинот на кој бил разрешен и најави дека, и покрај понудата да остане, тој ќе го напушти „Фокус“.

„Слободен печат“ побара став од „Фокус“. Од таму ни одговорија дека нема да ја коментираат одлуката за разрешувањето на Димитровски, бидејќи таа е интерна одлука на менаџментот.

– Не е ниту прв, ниту последен пат во изминатите 25 години да биде разрешен еден главен и одговорен уредник. Она што е важно е дека уредувачката политика на весникот останува непроменета, а тоа е да остане добронамерен критичар на власта и моќниците во општеството – ни одговорија од менаџментот на „Фокус“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот