Зоолошката ќе се поднови со големи аквариуми со риби и водни животни

Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

-Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете- велат во соопштение од Зоолошката градина во Скопје.

-Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет”- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот