Зоолошката градина во Братислава го затвори делот со мајмуните поради коронавирусот

Facebook/ZooAtlanta

Зоолошката градина во Братислава синоќа го затвори за јавноста делот со примати, како превентивна мерка откако во петокот беше потврден првиот случај со коронавирус во Словачка.

Според претставничката на зоолошката градина, Зузана Чалупова, во тој дел има два вида мајмуни – шимпанза и суматрански орангутани, кои се многу чувствителни на човечките болести.

Во Словачка досега се потврдени три случаи на коронавирус, сите во едно семејство, во селото Костолиште близу Братислава. Во исто време, четиричлено словачко семејство е ставено во карантин во нивната викенд-куќа во австриското село Кице, близу границата на двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот