Зоолошката градина ќе добие „Авантура парк“

Детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца, ќе биде изграден во состав на скопската Зоолошка градина, најавуваат од Зоолошката.

Како што велат од таму, оваа содржина ќе биде наменета за анимирање на најмладите посетители, и е прва од ваков вид кај нас.

„Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа, велат од таму.

Како што информираат од Зоолошката, „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт,  а бесплатно ќе биде достапен на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години.

„Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот