Зонско паркирање во Карпош нема и цела година по маалскиот референдум

Денеска Слободен печат побара одговор од градоначалникот Стефан Богоев, зошто се уште не е реализирано зонското паркирање во Карпош.

Граѓаните  кои работат во институциите во Центар се уште го користат бесплатното паркирање во Карпош 1. И не само тие, туку и сите посетители кои во општината доаѓаат поради забава или одредена потреба.

Решение за овој проблем, градоначалникот Стефан Богоев, гледаше во воведувањето на зонско паркирање, за што на 30 јануари минатата година започна да се спроведува анкета помеѓу жителите на Карпош, со прашање, дали се за или против воведување на зонско паркирање во Карпош.

Иако граѓаните од Карпош 1, каде се спроведуваше анкетата, се изјаснија позитивно, зонско паркирање се уште не е воведено.

Денеска Слободен печат побара одговор од градоначалникот Стефан Богоев, зошто се уште не е реализирано зонското паркирање во Карпош.

– Скоро осумдесет проценти од граѓаните од Карпош 1 беа масовно за воведување зонско паркирање. Меѓутоа, да бидам искрен, во спроведувањето на овој план не спречија другите активности, околу пандемијата, отворањето на градинките и училиштата, претходно се справувавме со самиот шок кој што го имавме од пандемијата, одговори Богоев.

Тој најави скорешна средба со директорот на Градски паркинг и реализација на најавеното зонско паркирање.

– Овие денови треба да остварам средба со директорот на Градски паркинг и веќе да влеземе во евентуална фаза на реализација. Очекувам зонското паркирање да почне набрзо, бидејќи секој поминат ден е поголема нервоза за граѓаните, рече Богоев.

Регулацијата на паркингот значи дека граѓаните – резиденти на Карпош 1 ќе имаат право бесплатно да паркираат до три сопствени возилa, а останатите кои ќе се паркираат ќе плаќаат 35 денари од час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот