ЗОКИ БЕ, „НЕ ДЕЈ“ ДА СЕ ТРЕВОЖИШ‘‘ РАЗБИР‘Ш !

А бе ај! Не си знаел дека сме имењаци? Да бе! Питај ги ‘‘Шиптар‘те, разбир‘ш! Агим му доџе Зоран. Ма, „ шо та боле‘‘, убо‘ си е името! Најубо! Остај ги ти ВМРО-вцине, од љубомора ти зборат. Нив им е криво што возиш BMW мотор, а они тенекија некоја. Тууу, кај сме имењаци, кај сме и двојцата моторџии. Ама, ко моторџија на моторџија, да те гибнам онака па да ти речам ‘‘ а бе качи се на YAMAHA, господ да те види‘‘! Што?! MOTO GUZZI?! А бе ај‘,.. тенџере ( ќе ме нокаутира комшијата)! Ке ти дам едно кругче на јамаха, де, не плачи! ‘‘Тцццц‘‘!

А сега сериозно! Тоа што ке продолжам на ‘‘ ти‘‘ е ко‘ моторџија на моторџија нели! Мушки!

Обраќањето кон еден премиер на држава на овака шеретски и неофицијален јазик не е срамота ако знаеш дека има плодна почва во смисла на ‘‘ чоекот ќе те разбере‘‘. Сеуште сметам дека си човек ‘‘ од народ за народ‘‘ и си дозволувам. Јас не сум Геро! Отворено признавам дека ти се нудев за соработник, ама ете не сум ти требал, нема тука ‘‘ љутиш‘‘. ‘‘Живот тече даље‘‘! Туку, му обеќав на Мицкота у прошлата колумна дека ке те чачнам и тебе, да не рече еве ‘‘Агим п*едер‘‘. Од друга страна, не сакам јавноста да мисли дека протажирам и афирмирам било која страна. Јас го протажирам само она што народот го бара, а тоа е здрава, перспективна и стабилна држава. Па нека биде ‘‘прецедник државе и Magyarosz,‘‘ ( само не аман Грујо, аман). Роден татко да си ми, нема да те гласам ако не си ‘‘служимо народу‘‘. Ок! А сега идеме ‘‘фул гас‘‘ муабет по ставки!

Ставка 1: Фактите велат дека албанците кај ниеден премиер не поставиле шатор ко кај тебе у шарената револуција. Дека ама баш никој немал ‘‘ сеопшт народ еден до друг‘‘ ко на Тито у своите поворки. Дека за прв пат Македонската држава имаше надеж дека ‘‘го најдовме човекот‘‘. Прв пат албанци влегоа во македонска партија. Прв пат Македонија ја светна искрата на надежта ‘‘Ќе не биде‘‘!

Ставка 2: Рече дека народните пари ќе ги вратиш во џебот на работникот и дека парите на народот ке биде ‘‘домакински ‘‘ есапен. Дека како ‘‘Св. Ѓорѓија победоносец‘‘ ке го прободеш змејот наречен криминал, деструкција, корупција, неправда, очај!

Ставка 3: Дека ке најдеш ‘‘ иљач‘‘ за белата чума и дека моето дете ќе го натераш да се кае што се втиснало јабана. Дека ке ми го вратиш! И моето и на Петрета, на Асан, Петко, Станко.

Ставка 4: Дека Македонија има иднина….

Е, СЕГА ИМЕЊАК ДА ТИ КАЖЕ ОНАКА – АЧИК,..

Тачно ме заболе ( с‘ опроштење вака моторџиски) дали некој ке ме нарече полтрон, увлакач, ама ако денес има избори ја пак ќе те гласам! Жими се! Еве јавно кажувам. А, знаеш зошто? Затоа што ако ништо друго гледам дека се трудиш. Арно ама ако сметаш дека си безгрешен и дека и тебе не ти треба критика, тогаш ке престанам да мислам дека си оној ‘‘ од народ за народ‘‘ тип! Пали моторот и вози. Среќен пат. Ионака сме навикнале какао народ на ‘‘ има и бетер‘‘. ‘‘Capisci” ?! Ти си богат човек. Политичка слава ли ти треба? Не! Пари? Не! Барем така на почеток се претстави, идеме да се бориме за Македонија, ‘‘барабар‘‘ сите заедно. Се слагам и сеуште ја поддржувам твојата идеја. Арно ама, беше ли ти свесен што те чека, која ламја, кој криминал, која структурална окупација на институциите и какви се ‘‘ пирани‘‘ке влечеш на удица?

Првата грешка ти беше што ја елиминира цела ( освен Рада и ситница) ‘‘скопска тешка политичка индустрија‘‘ од партијата. Тоа се големи инфлуенцери кои се суетни и кои ти се камче во патиките за да можеш да трчаш ко што сакаш. Ако паднеш, заблагодари им на нив, остај тоа ВМРО-вците. Од нив не се плаши. Нив ионака меѓународната заедница бара модел како да ги угаси. ‘‘Capisci”!? Без усул, на пола онаа ‘‘ шарена маса‘‘ ( не ти конкретно) твојата екипа и исповетува ‘‘ ќе те земам у екипа‘‘ за на крај да биде ‘‘ ама чекај имам еден од Зарамзалино и ке му дам шанса‘‘! Така си создаде имиџ на ‘’сељачка партија у п м ‘‘. Таа скопска машинерија со повредена суета жедна за освета вели ‘‘ Заев мисли дека ако може да владее со Струмица, може со цела Македонија‘‘. Така, си создаде непотребна контра фела. Не си ти крив додуша. Ионака требаше у СДСМ да има некој ремонт, ама ти бре напраи ‘‘ село весело‘‘! Така викаат, ја не знам!

Втората грешка ти е врзана за првата. Изборот. Ветерот во грб требаше да ти бидат личности кои се ‘‘ мост со и кон народот‘‘ како советници. А не типови кои со самата своја појава ‘‘ аман бе и ти ли стана политичар‘‘ цели среќни си викаат ‘‘ ќути, убута‘аме у‘ф екипа, разбир‘ш‘‘. Не го ‘‘завладеа Скопје‘‘ во потполност. Пресудно ‘‘за даље‘‘. Значи, ‘‘ второ камче у патиката‘‘. Да простиш на изразот, ‘‘одјеба‘‘ многу велемајстори кои откога ја освои улицата ќе можеа да ти ја задржат. Асфалтот е филозофија за себе, наука, факултет. Го изгуби алсфалтот имењак!

Трета грешка ти е што беше сигурен дека како Св. Ѓорѓија Победоносец многу лесно ке го прободеш змејот и ке го спасиш народот. НЕ ЗНАЕШЕ колкав е змејот. Што е најстрашно, а повторно врзано за првата грешка е тоа што во твојот избор на екипа НЕ БЕШЕ СВЕСЕН колкумина се уствари ‘‘HARI MATA HARI‘‘, и дека влечеш зад себе многу ‘‘ прљави газови‘‘. Потребен ти е итен ‘‘ремонт’’ во партијата, а не само шминка како кога ке го гребнеш моторот, па наместо фарбање ти му удираш само полир паста. Не заебаај имењак!

ВО МЕЃУВРЕМЕ…

Ало, име,.. за она што си го зацртал да го направиш, мора да си помалку ‘‘Чаушеску‘‘! Иди Амин. Поинаку ке те изеде трулоста на ткивото. Не биди како Григор Прличев кого Охриѓани го славеле а всушност го цркнале. Раката која ја држеше цело време со тупаница високо на бините покажи дека е железна. Така барем мислеше народот. Ти текнуе ли колку разни знамиња имаше. Вака ке испадне на крај ‘‘ Трт Милојко‘‘! Така ли треба да привршува една историја? Ти го отвори тефтерот на новата Македонија ( па нека е и северна). Започна да ја пишуваш историјата ама во еден момент се чини како да ти снемува мастило, па у тефтерот останува ко ‘‘ сакам речам, не знам кажам‘‘! Не заебаај! Ало, имее! Ај барем додека уште ти веруеме!

И повторно ( а пак ке си праиме вака муабет) но не и последно како ‘‘моторџија на моторџија‘‘!

Имее! А бе не заебаај, убаци у мања, фул гас, грабај ја целта, па тачно те заболе колкава е прашината позади тебе. Одведи ги оние што возад зад тебе до целта. Ко у филмот ‘‘ Умри мушки‘‘!

И НЕ БИДИ КОРКАЧ! ГАС,… гас,… ( не за мене!) Не заболе и тебе и мене за тебе и мене! За народ!

Ај сеа викни две пива,… ја ке ги платам аман! Не биди ‘‘влав‘‘! Струмичанец си! Е, де около!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот