ЗОИ Пекинг: Јада ја заврши трката на 30 км со пласман на 56 место

Поради силниот ветар и ниската температура во воздухот, трката беше скратена од 50 на 30 километри/Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

На Зимските олимписки игри во Пекинг најдобриот македонски спортист во крос-кантри, Ставре Јада ја заврши трката на 30 километри со пласман на 56 место, од вкупно 61 спортист.

Нашиот натпреварувач зад победникот на трката Александер Болшунов од Русија заостана 14:09:1 минути и со време 1:25:41.8 постигна најдобар резултат кој еден македонски спортист во крос кантри го постигнал на Зимска олимпијада.

Трката требаше да биде во должина од 50 км, но поради силниот ветар и ниската температура на воздухот, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, одлучи да ја скрати должината на патеката на 30 километри.

Одлуката беше донесена заради безбедноста на спортистите и нивната изложеност на екстремните временски услови кои беа присутни на Олимписката крос-кантри патека во Жангџиаку.

– Горди сме на најдобрите македонски спортисти кои дадоа се од себе на зимските Олимписки игри во Пекинг, НР Кина и им посакуваме, со заедничка квалитетна и напорна работа, на следните зимски Олимписки игри во Милано-Кортина 2026 да постигнат уште подобри резултати – информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот