ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми

Здружението на новинарите на Македонија реагира на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крушево и смета дека е непримерно и недолично за еден лидер на политичка партија да етикетира медиуми.

„Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети. Настапот на Мицкоски коинцидираше со објавата на анкетата на ТВ Телма. Ваквите јавни настапи на политичарите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите и служат да го дискредитираат начинот на кој тие работат“, соопшти ЗНМ.

Здружението го повикува раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини на телевизијата и во иднина да се погрижи да не се етикетираат ниту медиумите, ниту новинарите, бидејќи, како што посочува во реакцијата, тоа може само да ја влоши состојбата на слободата на изразувањето во државата, а таквиот наратив може да поттикне напади врз новинарите, снимателите и фоторепортерите кои работат на терен.

Прочитајте и...  Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз

„Потсетуваме дека доколку политичарите или било кој друг има забелешки за начинот на кој известуваат медиумите, можат да поднесат претставки до медиумските саморегулативни тела и тоа до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија. Исто така, ги потсетуваме и медиумите кои известуваат за предизборната кампања дека треба да се придружуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите и да објавуваат проверени и точни информации“, стои во реакцијата од ЗНМ.

Прочитај повеќе

Делумно примирје меѓу САД и талибанците

Слободен печат

На „сивата листа“ се најдоа нови седум земји

Слободен печат

Борче Мирчевски – колекционер и мајстор за олдтајмери

МИА

Еве како изгледа најдолгиот железнички тунел кој наскоро треба да биде отворен (ВИДЕО)

Војислав Мојсовски

Прва жртва на коронавирус во Италија

Слободен печат

Сандерс: Русија подобро да не се меша во американските избори

Слободен печат

Остави Коментар

13 + 19 =

Прочитај повеќе

Играњето со Преспанскиот може да има висока цена

Слободанка Јовановска

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Кина: Пад на заболените од коронавирусот

Слободен печат

Ѓукановиќ: Ќе одам во Сребреница ако ме поканат, но не и во Сараево

Слободен печат

Последни денови за договори за коалицирања за предвремените парламентарни избори

МИА

Запленетата дрога ја злоупотребија зависниците од политика

Мирослава Бурнс