ЗНМ: „Вечер“ не го почитувал етичкиот кодекс во текстот за министерот Дамјан Манчевски

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагираше во врска со претставката на министерот за информатичко оопштество и администрација, Дамјан Манчевски, за веста која ја објавил порталот „Вечер“ под наслов „Манчевски поттикнува насилство и повици за ликвидација“.

За веста која потоа беше избришана од порталот од ЗНМ  заклучиле дека е прекршен Новинарскиот кодекс во членовите 13 и 16, во кои новинарот треба да прави разлика меѓу факти и мислења, вест и коментар, како и да го чува угледот на професијата, да поттикнува заемна солидарност и различност на ставовите и нема да го употребува својот медиум за пресметка со личности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот