ЗНМ: Полициските службеници не смеат да ја попречуваат работата на новинарите

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Во текот на вчерашниот ден 04.04.2021 (недела) колешката Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк” ни пријави инцидент во кој полициски службеник на СВР Велес и го одзел мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избришал фотографиите од телефонот додека извршувала работна задача пред мостот „Гемиџии” во Велес. Настанот се случил додека новинарката Манева работела на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес.”

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку своите адвокати ќе постапи по барањето на Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк” и ќе поднесе претставка до внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници, ЗНМ ќе инсистира на соодветни дисциплински мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот