ЗНМ остро ги осудува заканите упатени кон Дерала и Сарачини

Џабир Дерала. / Фото: Слободен печат

Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на јавно искажаните закани и омаловажувања со елементи на говор на омраза упатени преку социјалната мрежа Фејсбук, до новинарите и активистите на „Цивил медиа“ Џабир Дерала и Петрит Сарачини.

-На оваа социјална мрежа, личност со профил именуван како „Марјан Камиловски“ неодамна јавно има објавено фотографија со огнено оружје, a потоа и заканувачки текст проследен со вулгарни зборови кој упатува на тоа дека нема да се толерира јавно кажана критика кон еден од ново избраните пратеници во Собранието на РСМ. Друг профил мотивиран од оваа објава, именуван како „Sekula vojdova fan club“ на агресивен начин и навредлив начин се обраќа кон новинарите нарекувајќи ги „северџани“, „балистички кучиња“ по што останати корисници во продолжение упатуваат закани и говор на омраза- стои во соопштението од ЗНМ.

Овој тип на агресивна реторика присутна на дел од профилите на социјалните медиуми, велат оттаму, се засили во текот на изборната кампања, за што повеќе пати реагирале, а продолжува и после предвремените парламентарни избори.

-Како новинарски организации укажуваме дека говорот на омраза и заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик, а надлежните институции пред се Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) во Скопје, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални дела предизвикани од омраза- стои во соопштението од ЗНМ.

Оттаму потсетуваат дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор се основните обележја на земја што претендира да биде демократска.

-Затоа инсистираме од институциите итна реакција и активно следење на појавата на говор на омраза особено на социјалните мрежи. Од политичките партии пак, особено од оние кон кои заканувачите јавно покажуваат наклонетост, бараме јавна осуда на нападите и поддршка на слободната мисла- велат од ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот