ЗНМ ќе се вклучи во дебатата за измените на Изборниот законик

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе биде вклучено во дебатата за измените на Изборниот законик во насока на прецизна и коректна правна рамка за медиумско претставување на кандидатите, како суштинско за демократски изборен процес.

Значајна улога во заштитата на одредбите за фер медиумско претставување има и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, чија реформа е заглавена во собраниската комисија за избори и именувања, која се злоупотребува на најгруб начин од страна на опозицијата.

Ова го изјави министерката за правда Рената Дескоска на денешнта завршна конференција „Правна заштита на избирачките права“ во организација на Институтот за правни и политички истражувања, во партнерство со Амбасадите на САД и на Холандија во државава.

Ажурирањето на избирачкиот список, нагласи таа, е особено важно за еднакво избирачко право. Дескоска потсети дека една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик е токму за ажурирањето на Избирачкиот список, со цел да се овозможи тоа да се прави континуирано со цел никој да не биде лишен од правото на глас.

– Се посочува и потребата лицата со истечен рок на важење на личните докумјенти да не бидат лишени од избирачко право и се разгледува опцијата проверка на избирачкиот список помеѓу два изборни круга – рече Дескоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот