Знамињата во НАТО на половина копје поради катастрофата во Турција

Знамињата во седиштето на НАТО се спуштени на половина копје во знак на солидарност со Турција поради катастрофалниот земјотрес во земјата.

Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел до утревечер ќе бидат на половина копје, во знак на солидарност со Турција и турскиот народ.

Постојаното турско претставништво во НАТО соопшти дека им се заблагодарува на сојузниците за помошта што во понеделник почнаа да ја испраќаат во Турција.

Повеќе од 1.400 припадници на персонал за одговор при итни случаи од повеќе од дваесет сојузници и партнери на НАТО – вклучително и поканетите Финска и Шведска – се распоредуваат во Турција, помагајќи да се одговори на разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари. Повеќе од 53.000 турски спасувачи кои први пристигнаа во моментов се на терен, соопшти Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот