Знамето на НАТО се развеа пред македонското Собрание (ВИДЕО)
Покрај македонското државното знаме од денеска пред Собранието ќе се вее и знамето на Северноатланската алијанса. Поради предвремените парламентарни избори, Македонија денеска предвреме го ратификуваше договорот за членство во НАТО. Македонското Собрание одржа свечената седница, на која пратениците го едногласно го ратификуваа протоколот за членство во Северноатлантската алијанса.
Така, знамето на НАТО веднаш по гласањето на протоколот за членство во НАТО во македонскиот парламент, беше подигнато пред највисокиот законодавен дом со интонирање на македонската химна. Знамето го прими претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Се чека уште ратификацијата од шпанскиот парламент, па Македонија да стане полноправен член на НАТО. Присутните направија фотографија пред знамето на НАТО. Целата свечена церемонија се одвиваше под силно полициско обезбедување.
На јарболот беше подигнато синото знаме, на кое е белиот амблем кој претставува компас со четири бели линии. Знамето на НАТО е одобрено на 14 октомври 1953 година.
Најмоќната организација во светот на крајот на минатата година во Лондон ја прослави својата 70-годишнина. Тогаш на јарболот за првпат се вееше и македонското знаме.