Знаменосецот Георгиевски цели кон медал, останатите олимпијци очекуваат лични рекорди

фото: Слободен печат

Македонските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио посакуваат остварување на најдобри лични рекорди, а знаменосецот Дејан Георгиевски цели највисоко, кон медал и се надева на најсјајниот- златниот.

Македонија на ОИ во Токио ќе биде претставена од осум спортисти, Дејан Георгиевски (таеквондо), пливачите Миа Блажевска Еминова и Филип Дерковски, Јован Стојоски (атлетика), Арбреша Решепи (џудо), Борјан Бранковски (стрелаштво – воздушен пиштол), Пуликсенија Јовановска (карате) и борачот Магомедгаџи Нуров.

Спортистите за Токио ќе патуваат во три групи, првата од шест спортисти ќе тргне во петок, Пуликсенија Јовановска која се наоѓа на завршни подготвки во Словачка на 24 јули ќе патува директно за Токио, додека Нуров и неговиот тренер Могамед Ибрагимов се наоѓаат во Владивосток и тие оттаму директно ќе патуваат за Јапонија. За првпат на Игрите во Токио ќе има двајца спортисти што ќе го носат знамето на свеченото отворање, покрај Георгиевски, тоа ќе биде и Арбреша Реџепи.

– Тука се шест спортисти бидејќи првата група патува во петок. Шеф на делегација ќе биде доктор Настов поради настанатата ситуација поради коронавирусот. Тој е во постојан контакт со организаторот во Токио, односно со медицинскиот тим. Имаме двајца спортисти со обезбедена А норма, Дејан Георгиевски и Могамедгаџи Нуров. Мора да одиме во групи, и секој спортист максимум до 48 часа по последниот настап мора да го напушти олимпиското село. Дејан Гергиевски е биде знаменосец, по новите правила ќе има и жена знаменосец и тоа ќе биде Арбреша Реџепи која е наша најдобра џудистка – вели директорот на МОК, Владимир Георгиевски.

Желбите на спортистите се да остварат најдобри лични резултати, додека Георгиевски се цели кон медал.
– Благодарност за поддршката. Како што најавив претходно, ја остварив целта и се квалификував за Игрите. Сега одам на златен медал, конкуренцијата е жестока, таму се најдобрите 16 таеквондисти (категорија над 80 килограми). Сум ги победувал, но ме победувале и тие мене.  Но се победата над олимпискиот и светскиот шампион во квалификациите покажав дека можам да се борам со најдобрите. Се надевам на добар резултат и на медал – вели Дејан Георгиевски.

Поради пандемијата на коронавирусот, спортистите во Олимиското село можат да пристигнат пет дена пред нивниот настап по што во првите три дена секој ден ќе се тестираат, а ќе мора да го напуштат селото 48 часа по нивниот последен настап.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот