Знаете ли зошто 11.11 е посебен ден? Симболиката на броевите е толку моќна, што мора да ја искористите

Денеска е 11 ноември, многу посебен ден. Барем така вели нумерологијата, која бројот 11 го опишува како исклучително моќен, односно комбинација на броевите 11 и 11 како  неверојатен спој на духовното будење и моќните почетоци. 11 е сам по себе број на почетокот, интуицијата, пресвртот.

Денешниот ден ни носи силна енергија да разбудиме во себе нови потенцијали, нова сила за пресврт во животот или да дојдеме до значајни сознанија кои може да ни го изменат животниот пат.

Исклучително е важно што промените кои можеме да ги иницираме најчесто се позитивни. Како што вели нумерологијата, универзумот на 11.11 ни праќа порака да обратиме внимание на тоа што ни го зборуваат срцето и душата.

Денес се големи и шансите да ја сретнеме сродната душа, ова е и ден на средби на љубовници кои одлично се разбираат, а целиот месец ноември е месец на љубовта.

На 11 ноември се родени Леонардо Дикаприо и Деми Мур, а се вели дека лицата родени на овој ден имаат иста енергија како и волшебните броеви на нивното раѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот