Знаете ли за правилото 50-30-20? Формула што обезбедува здрава и среќна врска

profimedia

Пеперутки во стомакот и насмевка која не се симнува од лицето се „последици“ на штотуку започнатата врска, но за позитивното чувство да потрае што подолго постојат ситници на кои треба да внимаваме.

Иако правилата за добра врска, веќе ни одат на нерви, не е лошо да проверите што предлагаат експертите за врски.

Времето кое го минувате заедно за вас е непроценливо, но за фазата на „меден месец“ да потрае што подолго, важно е да не се загубите себеси. При тоа, не мислиме дека не треба да ги покажете вашите чувства и да уживате во секој заеднички момент, но задржете по некоја тајна за себе, поминете време со пријателките и не одрекувајте се од нештата кои ги сакате, поради партнерот.

50-30-20

Експертката за врски Венди Атербери предлага правило кое го нарекува 50-30-20. Односно 50 отсто од времето потребно е да го одвоите за пртнерот, 30 отсто за пријателите и семејството и 20 отсто за себе.

Тоа е формулата која ќе обезбеди здрава и успешна врска во која ќе бидете задоволни.

Заборавете на СМС пораки

Првите знаци на несогласување не значат дека вашата врска нема да успее, кавгите и недоразбирањата се дел од секоја врска, но СМС пораките не се пожелен облик за комуникација.

– Доколку сте наишле на ситуација во врската за која е потребно да се дискутира, направете го тоа преку телефонски разговор или со разговор во четири очи. Ако тоа ви претставува проблем, значи дека сте во врска со погрешна личност или не сте подготвени за врска“, вели Венди Атербери.

Прифатете компромис, но не губете се себе

Компромисот е составен дел на секоја добра врска, но притоа е важно да останете свои и да не попуштате често.

– Доколку се согласувате на сè што партнерот сака, градите лоши темели за следната дискусија, тврди експертката.

Не ги споредувајте поранешниот и сегашниот партнер

– Не зборувајте за други мажи додека не сте сигурни за својата врска, советува колумнистот во списанието „Гламур“, Џон Ортвед. Можеби ќе помислите дека вашиот сегашен партнер сака да слушне дека е подобар љубовник од бившиот, но тоа е лизгав терен на кој токму вие лесно може да паднете.

Појаснете му ги своите граници

Работите кои ви се непријатни, партнерот лесно може да ги протолкува како незаинтересираност, но тоа е многу лесно решливо преку искрен разговор.

– Отворено прозборувајте за работите кои ги сакате или не ги сакате во кревет и за тоа дали ви смета разменување на нежност во јавност, предлагаат експертите за врски.

Не се преправајте дека вашата врска е повеќе од тоа што е

– По кратко време поминато во врска, партнерот и вие можеби имате поинакви разбирања за вашиот однос. Во ред е да се биде вљубен, но доколку партнерот не го покажува истото, тешко дека на тоа ќе го наговорите, а со посесивно однесување би можеле и да го оддалечите од вас. Времето ќе покаже дали треба да останете во врската или да побарате поинаков партнер, тврди Венди Атербери.

Продолжете да бидете среќна и независна жена

Ова е прв предуслов за успех на една врска, вие мора да бидете среќни и задоволни, па со тоа и вљубени. Ако се загубите себеси, сте го загубиле темелот за добра врска.

– Не наслонувајте се на мажот како единствен извор на вашата среќа, нагласува Атербери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот