Знаете ли што се случува со мозокот на човек кој НЕ СПИЕ 30 дена? Провериле руските научници, а резултатите не се за ЛУЃЕ СО СЛАБО СРЦЕ

Во доцните 40-ти години во Советскиот Сојуз бил спроведен еден од најморничавите експерименти во историјата. Научниците сакале да дознаат што се случува со човечкиот мозок по еден месец неспиење. Како експериментални заморчиња послужиле петмина сибирски затвореници кои ги сместиле во посебна соба.

Им давале гас и други стимуланси за да останат будни. На почетокот на експериментот им било ветено дека ќе ги ослободат ако останат будни цели 30 дена.

 

На почетокот сè било нормално

Научниците ги набљудувале низ двојно стакло сместено зад огледало, а собата била озвучена за да можат да ги следат нивните разговори.

На почетокот сè било нормално, но веќе петтиот ден можело да се забележи дека нивото на стресот пораснал. Потоа престанале да разговараат меѓусебе, а во микрофоните почнале да шепотат компромитирачки работи едни за други.

Прочитајте и...  Делови кои најчесто ги прескокнуваме при миење на рацете, а се главни преносители на вируси и инфекции

Деветтиот ден почнале да врескаат. Двајца од нив со часови трчале по собата и урлале без престан. Ни однесувањето на другите не било помалку загрижувачко. Почнале да кинат страници од книгите и со фекалии да ги лепат на огледалото па научниците веќе не можеле да ги набљудуваат.

Кога веќе мислеле да го прекинат експериментот, ситуацијата нагло се смирила. Три дена не викале, ниту разговарале, па научниците решиле да влезат во собата. Преку разгласот им кажале дека експериментот е готов. Им наредиле да легнат на подот и им ветиле дека ќе ги пуштат на слобода ако направат како што им се кажува.

 

Глас од собата на тоа им одговорил:

„Веќе не сакаме да нè ослободите“.

Прочитајте и...  Виц на денот: Брз љубовик

Следните неколку дена научниците размислувале за следниот чекор, а 15-тиот ден решиле да го прекинат експериментот. Во собата е пуштен воздух за да испарат гасовите за стимулација на несоницата. Затворениците сфатиле дека брзо ќе ги ослободат, но воопшто не делувале среќно поради тоа.

Напротив, почнале да врескаат и ги молеле научниците да им го вратат гасот за стимулација. Кога вратата била отпечатена, во просторијата влегла војската и затекнала вознемирувачка глетка.

Осакатени тела

Едно мртво тело лежело во локва крв осакатено. И другите биле осакатени, а она што било најморничаво, се чинело дека повредите сами си ги нанеле.

Четворицата кои уште биле живи се спротивставувале на обидите да ги изнесат од просторијата. Еден од нив изгубил премногу крв и умрел откако три минути со телото удирал во ѕидот обидувајќи се да го избегне извлекувањето.

Прочитајте и...  Бен Афлек за Џенифер Лопез рекол дека е „вистинското нешто“ и открил дека се уште е во контакт со поранешната вереница

Другите биле итно префрлени во болница. Едниот умрел кога му вбризгале анестетик бидејќи срцето му опткажало. Другите двајца ги оперирале на живо. Интензивната болка не им пречела.

Кога ги прашале зошто сакаат да се вратат во собата за експерименти, двајцата одговориле: „Морам да останам буден“.

Собата за експерименти била запалена до темел заедно со комплетната документација.

Такви експерименти веќе не се правеле, но сеќавањето на случката останало во високите воени кругови и прераснал во легенда која се прераскажува и денес.

Прочитај повеќе

Човечкиот Кен се оперира за да стане Барби

Слободен печат

Со години ја изневеруваше со дадилката, а сега се сретнаа на исто место! За оваа фотка сите зборуваат! ( ФОТО)

Слободен печат

БЕЗ 30.000 ЕВРА НЕ ОДИ ВО ШОПИНГ – Запознајте ја српската Шерон Стоун: Живееше живот како од бајките, а потоа и се случија ДВЕ СТРАШНИ ТРАГЕДИИ (ФОТО)

Слободен печат

Имате над 30 години? Исфрлете ги овие работи од вашиот несесер

Слободен печат

Петгодишно дете го спасило целото семејство од пожар

Слободен печат

За Шерон Стоун знае цел свет, а вака изгледа нејзината помлада сестра Кели (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

20 − три =

Прочитај повеќе

БРИТАНЦИТЕ ШОКИРАНИ ОД СООПШТЕНИЕТО НА МЕГАН И ХАРИ – Таа е злобна и ќе биде уште полошо!

Слободен печат

Во чии раце ќе заврши наследството на Кирк Дагас од 60 милиони долари?

Слободен печат

Бен Афлек за Џенифер Лопез рекол дека е „вистинското нешто“ и открил дека се уште е во контакт со поранешната вереница

Слободен печат

Што мора да знаете ако страдате од хемороиди

Слободен печат

Хороскоп за 24 февруари 2020: Понеделнички прекрасно изненадување за Близнаците

Слободен печат

Виц на денот: Брз љубовик

Слободен печат