Знаете ли колку цигари на ден пуши Сари ?

Маурицио Сари по една година минатата во Челси, се враќа дома и тоа на клупата на најголемиот италијански клуб, Јувентус.  Сари освен што е познат по својата тактика која итлаијанските новинари ја нарекоа „Сари-бол“ е  познат и по уште една карактеристика, тој е страствен пушач.

Според медиумите во Италија, Маурицио Сари во ден кога има натпревар знае да испушти неверојатни 80 цигари.

Додека седеше на клупата на Наполи, постојано во раката имаше цигара, а кога замина во Англија се соочи со проблеми. Според англиските закони, пушењето е забрането на стадионите. Челси сакаше да му изгради посебен простор за пушење во клупата, но англиските закони се испечија пред реализација на оваа необична идеја.

Тој замената за цигарите ја најде во титунот, и за време на натреварите џвакаше тутун.
Засега од Јувентус нема најави дека ќе му забранат на Маурицио Сари натпреварите да ги води со цигара во раката, но навивачите веќе го сменија грбот на „старата дама“ поради зависноста на Сари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот